„Нова Атлантида“ е последната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел, односно првата верзија од книгата е првично објавена во 2008 година и притоа ја доби наградата за најдобра поема, „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. Нова Атлантида, троделната/тросложната поема која во 2022 се преобјавува во продукцијата на Арс Либрис, премиерно, нејзиниот прв дел – првото пеење – иницијално беше испечатено 2008 година. Останатите две пеења излегоа во списанието „Современост“, 2009 и 2011. Ерго, Нова Атлантида е фактографски последната книга на Петре Бакевски.
По првпат, во издание на „Арс Ламина – публикации“ од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напишала критичарката и есеистка Јелена Лужина.
Книгата е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“.
„Нова Атлантида“, како што има кажано Петре Бакевски, е сублимат на целото негово поетско, книжевно и животно искуство. Во неа се сите негови возвишувања и паѓања, сите негови соништа и изгубени илузии.Нова Атлантида, Петре Бакевски, Скопје:Арс Ламина публикации, Едиција: Македонски книжевни класици, 2022
Содржина „Нова Атлантида“ е метафора за исчезнувањето. Таа има двојно значење, и лично и општо. Животот на човекот се одвива во биолошки круг. Само времето постојано трае, се продолжува, се обновува, се пресоздава, ги пласти драмите, селективно и двоумно ги памети сеќавањата, предупредува и повторно се става на искушенија. И на нови предизвици. На нови потраги. На нови откровенија – рекол Бакевски.
Наводи