Грбобол или болка во грбот — симптом, многу чест, што може да биде резултат на истегнување (повреда) на мускулите или тетивите на грбот. Други причини може да бидат: артрит, структурни проблеми и повреди на дискот. Според јачината болката може да биде од блага до силна. Во некои случаи, може да го отежне или оневозможи одењето, спиењето, работата или извршувањето на секојдневните активности.

Обично, болката во долниот дел на грбот се ублажува со одмор, лекови против болки и физикална терапија. Кортизонските инјекции и практичните третмани (како што се остеопатската или киропрактичката терапија) може да ја ублажат болката и да го помогнат во процесот на заздравување, додека некои повреди и состојби на грбот бараат хируршко лекување.

Грбоболот често се намалува со одмор, физикална терапија и лекови.

Ризикот од појава на болки во грбот може да се намали со одржување на соодветна телесна тежина и редовна активност.

Општи информации Една од најчестите причини поради кои луѓето посетуваат лекар е грбоболот, приближно четири од пет луѓе доживуваат болки во грбот во одредено раздобје од нивниот живот. Исто така, некои луѓе имаат поголема веројатност да имаат болки во грбот од други.

Етиологија Постојат многу причини за грбобол, вклучувајќи крвни садови, внатрешни органи, инфекции, механички и автоимуни причини.

Приближно 90% од луѓето со болки во грбот се дијагностицирани со неспецифична, идиопатска акутна болка без идентификувана основна патологија. Кај приближно 10% од луѓето, причината може да се идентификува со дијагностичко снимање. Помалку од 2% од случаите се припишуваат на секундарни чинители, со метастатски карциноми и сериозни инфекции, како што се спинален остеомиелитис и епидурални апсцеси, кои сочинуваат приближно 1%.

+Вообичаени причини за болки во грбот Причини % од луѓето со болки во грбот Неспецифични причини 90% Фрактури на вертебрална компресија 4%, Метастази на рак 0,7% Инфекции 0,01% Cauda equina синдром 0,04%

Ризик-чинители Подигањето тешки товари, дебелината, седечкиот начин на живот и недостатокот на вежбање може да го зголемат ризикот од болки во грбот. Пушачите имаат болки во грбот почесто од непушачите. Зголемувањето на телесната тежина за време на бременоста е исто така ризик-чинител за болки во грбот. Општо земено, заморот може да ја влоши болката.

Неколку проучувања сугерираат дека психосоцијалните чинители како што се работниот стрес и дисфункционалните семејни односи може да бидат посилно поврзани со болките во грбот отколку структурните абнормалности откриени на рендгенските снимки и другите медицински снимки. +Ризик-чинител за грбоболЧинителиПричина и опис на тегобатаВозрастЛуѓето на возраст над 30 години имаат почести болки во грбот. Дисковите (мекото, гумено ткиво што го ублажува триењето на коските на 'рбетот) се трошат со возраста. Како што дисковите слабеат и се трошат, може да се појави болка и вкочанетост.Телесна тежинаЛуѓето кои се со прекумерна тежина/дебечом имаат поголема веројатност да имаат болки во грбот. Вишокот тежина врши притисок врз зглобовите и дисковите.Севкупно здравјеОслабените стомачни мускули не можат да го поддржуваат 'рбетот, што може да доведе до истегнување на грбот и исчашувања. Луѓето кои пушат, прекумерно пијат алкохол или водат седечки начин на живот се изложени на поголем ризик од болки во грбот.Занимање и начин на животРаботи и активности кои бараат дигање на тежок товар или виткање може да го зголемат ризикот од повреда на грбот.Структурни проблемиТешката болка во грбот може да биде последица од заболување како сколиоза, која ја менува статиката на ’рбетот.БолестЛуѓето који имаат семејна историја на остеоартритис, извесни видови рак и други болести имаат поголем ризик од грбоболки.Ментално здрављеГрбоболот може да биде последица од депресија и анксиозност

Клиничка слика Појавата на симптоми на грбобол може да биде ненадејна или постепена. Понекогаш болката се јавува по одреден настан, како што е наведнување за да се земе нешто, додека во други случаи, пациентот и не знае што ја предизвикало болката.

Болката може да биде остра или досадна и може да зрачи во долниот дел на грбот или до задниот дел на ногата (ишијас). Со напрегање на грбот за време на некоја активност, може да се чуе звук на „потпукнување“. Честопати во одредени положби (како што е наведување) болката се засилува, а станува послаба при лежење.

Грбоболот може да се изразува на различни начини: болките во грбот може да се движат, болки во мускулите да предизвикуваат чувство на пукање, печење или прободување. Болката може да се прошири по нозете и може да се влоши со наведнување, извртување, кревање, стоење или одење.

Додека физичките ефекти од болките во грбот се секогаш во првите редови, болката во грбот може да има и психолошки ефекти. Болката во грбот е поврзана со депресија, анксиозност, стрес и однесување на избегнување поради ментална неспособност за справување со физичката болка. Болката во грбот, и акутната и хроничната, може да се поврзе со психолошки стрес во облик на анксиозност (грижа, стрес) или депресија (тага, обесхрабрување). Вообичаена реакција на страдачките аспекти на акутната болка во грбот, е психолошки стрес, дури и кога симптомите се краткотрајни и не се медицински сериозни. +Други симптоми на болки во грбот Симптоми Особености Вкочанетост Можеби е тешко да се придвижи или да се исправи грбот. Станувањето од седечка положба може да потрае некое време и пациентот може да се чувствува како да мора да оди или да се истегне за да се опушти. Често има и намален опсег на движења. Проблеми со држењето на телото На многу луѓе со болки во грбот им е тешко да стојат исправено. Таквата личност стои „стуткана“ или свиткана, со трупот на страна, не во линија со 'рбетот. Објективно, грбот може да изгледа исправен наместо закривен. Мускулни грчеви По истегнување, грбните мускули може да грчат или неконтролирано да се собираат. Мускулните грчеви може да предизвикаат силна болка и да го отежнат или оневозможат стоењето, одењето или движењето.

Терапија Со домашно лекување повеќето болки во грбот исчезнуваат во рок од еден месец, особено кај лица под 60-годишна возраст. Меѓутоа, за многумина (особено постарите луѓе), болката може да трае неколку месеци.

Најчесто, лековите против болки и примената на топлина се сè што е потребно. Не се препорачува одмор во кревет, но се советува продолжување со редовни активности колку што е можно повеќе и покрај грбоболот. Обично треба да се започне со лесни активности, како што е пешачење. Активности што ја зголемуваат болката треба веднаш да се прекинат, но не треба да се избегнува активноста поради страв од болка. Посилни лекови или други терапии може да се препорачаат ако домашното лекување не даде резултати по неколку недели.

Лекови Видот на лекови што се користат зависи од видот на грбоболот и тие може да бидат:

Аналгетици Како аналгетици се користат нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), како што се ибупрофен (Адвил, Мотрин ИБ, други) или напроксен натриум (Алеве). Прекумерната употреба може да предизвика сериозни несакани ефекти. Ако лековите против болки без рецепт не помагаат, вашиот лекар може да предложи НСАИЛ на рецепт.

Мускулни релаксанти Мускулни релаксанти може да помогнат во случај кога благата до умерена болка во грбот не се ублажува со лекови против болки. Треба да се има на предвид дека мускулните релаксанти може да предизвикаат вртоглавица и поспаност.

Локални лекови против болки Локалните лекови против болки содржат супстанции за ублажување на болката кои делуваат преку кожата. Истите може да бидат во вид на креми, мелеми, масти и фластери.

Наркотици Лековите што содржат опиоиди, како што се оксикодон или хидрокодон, треба да се користат кратко време со строг медицински надзор.

Антидепресиви Се покажало дека некои видови антидепресиви, особено дулоксетинот (Цимбалта) и трицикличните антидепресиви (како што е амитриптилинот), ја ублажуваат хроничната болка во грбот.

Физикална терапија Физиотерапевт може да подучува вежби за зголемување на флексибилноста, јакнење на грбните и стомачните мускули и подобрување на држењето на телото. Редовната употреба на овие техники може да помогне болката да не се врати. Физиотерапевтите, исто така, обезбедуваат обука за тоа како да се изменат движењата за време на појава на болки во грбот за да се избегнат зголемени симптоми на болка додека сè уште се активни.

Биофидбек терапија Биофидбек терапијата е безболна, неинвазивна техника која го обучува пациентот да управува одредени телесни физиолошки и мозочни процеси кои не се под контрола на нашата волја, како што се функцијата на мозокот, отчукувањата на срцето, тонусот на мазните мускули, температурата, болката итн.

Биофидбек терапијата користи посебна машина со која пациентот може да научи да го намали своето дишење, отчукувањата на срцето, протокот на крв и мускулната напрегнатост и да ја ублажи или запре болката во грбот. Одредени истражувања покажале дека биофидбек терапијата е подобра од лековите за ублажување на болки во грбот, ја намалува јачината на болката за околу 30%, а нема несакани појави.

Хируршки и други постапки Постапки што се користат за лекување на болки во грбот може да вклучуваат:

Кортизонски инјекции Кога другите мерки не ја ублажуваат болката што зрачи по ногата, може да помогне кортизонска инјекција и лекот за трпнење во просторот околу 'рбетниот мозок и нервните корени. Кортизонската инјекција помага да се намали воспалението околу нервните корени, но ублажувањето на болката е со ограничен рок, обично трае само еден месец или два.

Радиофреквенциската аблација Во оваа постапка, низ кожата во близина на областа што предизвикува болка се вметнува тенка игла. Радиобрановите се пренесуваат низ иглата за да ги оштетат блиските нерви. Оштетувањето на нервите ги нарушува сигналите за болка до мозокот.

Имплантација на нервни стимулатори Уреди вградени под кожа можат да даваат електрични импулси до одредени нерви за да ги блокираат сигналите за болка.

Хирургија Операцијата за создавање повеќе простор во 'рбетот понекогаш е корисна за луѓе кои имаат зголемена мускулна слабост или болки во грбот што зрачат надолу по нозете. Овие проблеми може да се поврзани со хернија на интервертебралните дискови или други состојби кои ги стеснуваат отворите во 'рбетот. Ако испакнатиот диск врши притисок врз нервот, хирургот може да препорача дискектомија за отстранување на дел од дискот. Или може да се препорача ламинектомија за декомпресија на областа каде што има притисок врз нервите или 'рбетниот мозок. Може да се направи фузија на 'рбетот за истиот да се стабилизира. Како и сите операции, и овој вид операции носи ризици и не се секогаш успешни, па поради тоа треба да бидат последно средство за надминување на грбоболот.

Алтернативна медицина Бројни алтернативни постапки за лечење можат да ја ублажат болката во грбот. Пред да се започне со овие постапки, од суштинско значење е да се разговара со лекарот за придобивките и ризиците од алтернативната терапија.

Киропрактична нега Како дел од терапијата, киропрактичарот манипулира со 'рбетот за да ја ублажи болката.

Акупунктура Лечењето со акупунктура се состои од вметнување тенки, стерилизирани игли на одредени точки на телото. Сè поголем број научни докази укажуваат дека акупунктурата може да биде корисна за лекување на грбобол.

Транскутана електрична нервна стимулација Овој метод, познат како ТЕНС, се заснова на употреба на уред на батерии кој се поставува на кожата и испушта електрични импулси на болното место. Ефикасноста на ТЕНС, според истражувањата покажала различни резултати.

Масажа Масажата може да помогне за болки во грбот предизвикани од напнати или преоптоварени мускули.

Јога Постојат неколку видови на јога, широка дисциплина која вклучува практикување специфични положби или пози на телото, вежби за дишење и техники за опуштање. Јогата ги истегнува и зајакнува мускулите, а со тоа и го подобрува држењето на телото, што помага за надминување на одредени симптоми.

Превенција