Правен систем на Србија — систем на правни правила кои се во сила во Србија, а вклучувајќи ги и правните норми на меѓународните заедници на кои таа е членка. Српскиот правен систем главно припаѓа на германската гранка на континенталната правна култура (граѓанско право). Главните области на јавното и приватното право се поделени на гранки, меѓу кои спаѓаат граѓанското, кривичното, управното, семејното и трудовото право.

Србија била четвртата современа европска земја, по Франција, Австрија и Холандија, која имала кодифициран правен систем.

Пишаното право е основа на правниот поредок, а најважен извор на правото се: Уставот на Србија, правните прописи (акти на парламентот), меѓународните договори (откако ќе бидат ратификувани од парламентот и прогласени) и такви наоди на Уставниот суд, со кои закон или негов дел е поништен како неуставен.Social Security Law in Serbia, Senad Jasarevic, Senad Ja Arevi, Kluwer Law International, 01.05.2012.

Извори на правото Изворите на српското право се (по овој хиерархиски редослед):

Уставот и уставни акти меѓународни договори ратификувани од Народното собрание закони усвоени од Народното собрание објавени одлуки на Уставниот суд изведено законодавство: владини уредби и одлуки на министерства; законодавни акти на органите на територијалната самоуправа: провинциски уредби и градски/општински уредби.

Актите на парламентот и другите законски прописи влегуваат во сила на денот на нивното објавување во „Службениот весник на Република Србија“ (српски: Службени гласник Републике Србије), иако тие можат да стапат на сила и подоцна. Слично се објавуваат меѓународни договори во „Службениот весник на Република Србија“.

Поврзано

Устав на Србија

Наводи

Категорија:Српско право