Абортусот во Русија — законски како изборна процедура до 12-та недела од бременоста, а во посебни околности во подоцнежните фази. Федеральный закон Российской Федерации от 21 ноября 2011 г. N 323-ФЗ Во 2009 година, Русија пријавила 1,2 милиони абортуси, од населението од 143 милиони луѓе. Во 2020 година, во Русија бил намален бројот на абортуси на 450 илјади.
По преземањето на Русија од страна на болшевиците, Руската Советска Република на чело со Владимир Ленин станала првата земја во светот во современиот период која дозволила абортус во сите околности во 1920 година. Во текот на 20 век, законитоста на абортусот се променила повеќе од еднаш, со забрана за безусловни абортуси повторно донесена од 1936 до 1955 година, по што таа повторно била легализирана. Поради ова, земјата се здобила со наречена „абортусна култура“. Руските абортуси го достигнале својот врв во средината на 1960-тите, со вкупно 5.463.300 абортуси извршени во 1965 година. Во целиот Советски Сојуз, од неговата легализација, до падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, се случиле над 260 милиони абортуси (најчесто во Русија).
Абортусот во Руското Царство Абортусот бил нелегален во Руското Царство. Практиката не е директно наведена во Домострој, иако воспитувањето на децата е честа тема. За време на владеењето на царот Алексеј I Романов, казната за абортусот била смрт, дури подоцна Петар Велики ја отстранил. Абортусот продолжил да биде сериозно кривично дело до 1917 година. Преку членовите 1462 и 1463 од рускиот Кривичен законик, поединците „виновни за кривичното дело може да бидат лишени од граѓански права и да бидат протерани или осудени на тешка работа“. И покрај неговата незаконитост, постоеле абортуси на „црниот пазар“. Подземниот акушерски персонал познат како повивални бабки и селски повивални бабки, обично преведени како акушерки и рурални акушерки, соодветно и најчесто наречени едноставно бабки, буквално „старици“ и повитуки (акушерки) вршеле абортуси. Не само што давателите на абортуси, бабки, биле обучени здравствени работници - тие служеле како медицински сестри и акушерки во особено руралните области каде што соодветната медицинска услуга не била достапна. Бројот на абортуси се зголемил во Москва два и пол пати помеѓу 1909 и 1914 година; зголемената фреквенција на абортуси во Санкт Петербург била многу пати поголема во текот на крајот на векот, 1897–1912 година. Статистичките податоци од почетокот на 20 век сугерираат дека строгите закони ретко се спроведувале. На пример, бројките во текот на годините пред Првата светска војна вклучуваат: 20 (1910), 28 (1911), 31 (1912) и 60 (1914).
Во доцното Руско Царство, лекарите и правниците почнале да се залагаат за релаксирани закони за абортус и зголемена контрацепција. Мотивацијата била да се направат абортусите помалку опасни. Според историчарите, движењето за легализирање на абортусот и поттикнување на контрацепција настанало поинаку отколку во Западна Европа. Наместо меѓу политичката сцена (како во Франција, на пример), поддржувачите доаѓале од медицинските области. Во 1889 година, Третиот конгрес на здружението Пирогов, медицинско научно друштво чии дела имале големо влијание во Русија, започнало расправа за декриминализација на абортусот. Следеле и други: во 1911 година Четвртиот конгрес на Здружението на руските акушерки, во 1913 година Дванаесеттиот конгрес на Друштвото Пирогов и во 1914 година руската група на Меѓународното здружение на криминолозите излегло со поддршка за декриминализација.
Абортусот во Советскиот Сојуз
1920–1936 година мини|320x320пкс| Советски постер околу 1925 година, предупредувајќи против традиционалните домашни абортуси од бабици. Превод на насловот: „Спонтаните абортуси предизвикани или од самоуки акушерки или од акушери не само што ја осакатуваат жената, туку честопати доведуваат и до смрт“. Советската влада била првата влада во Европа што го легализирала абортусот. Во октомври 1920 година, болшевиците го направиле абортусот легален во рамките на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република со нивната „Уредба за здравствена заштита на жените“. По РСФСР законот бил воведен во Украина (5 јули 1921 година), а потоа и во остатокот од Советскиот Сојуз. Владата гледала на легализацијата како привремена неопходност, бидејќи по економската криза и речиси една деценија немири, војна, револуција и граѓанска војна, многу жени барале абортуси поради тоа што не можеле да се грижат за своето дете. Биле поставени ограничувања на критериумите за абортуси и до 1924 година било дозволено единствено кога бременоста го ризикувала животот на жената или на нероденото дете. Советскиот Сојуз ги охрабрувал пронаталните политики; сепак, советските власти сметале дека жените ќе добиваат абортуси без оглед на законитоста, а државата ќе може да го регулира и контролира абортусот само ако тој биде легализиран. Конкретно, советската влада се надевала дека ќе обезбеди пристап до абортус во безбедна средина што ќе го врши обучен лекар наместо бабки.I.S. Kon, The Sexual Revolution in Russia: From the Age of the Czars to Today (New York: The Free Press, 1995), 61. Иако оваа кампања била исклучително ефикасна во урбаните средини (дури 75% од абортусите во Москва биле извршени во болници до 1925 година), имало многу помалку во руралните региони каде што немало пристап до лекари, транспорт или и двете и каде жените се потпирале на традиционалната медицина. Особено во селата, жените продолжиле да се осврнуваат бабки, акушерки, медицински сестри и други за процедурата откако абортусот бил легализиран во Советскиот Сојуз.Barbara Evans Clements, Barbara Alpern Engel, and Christine Worobec. Russia's Women: Accommodation, Resistance, Transformation (Berkeley: University of California Press, 1991), 260.
Советскиот Сојуз, во времето на Ленин, станал првата земја на која абортусот стабал достапен, на барање, често без трошоци. Имало интензивна дебата меѓу владините и медицинските претставници околу неговата легализација. Главните аргументи што се користелње во спротивставување на легализацијата на абортусот биле дека тој ќе има штетен ефект врз растот на населението или врз основа на тоа дека е премногу медицински штетен за жената. До средината на 1920-тите, болниците биле толку многу пренатрупани од процедурите за абортус што морало да се отворат специјални клиники за да се ослободат креветите. Огромната стапка на абортуси, исто така, предизвикала загриженост на многу лекари и почнале да се донесуваат ограничувања за да се ограничи абортусот по третиот месец од бременоста и да се обезбеди приоритет да им се дава само на жените кои се сметаат за премногу сиромашни, немажени или кои веќе имаат неколку деца. Било дозволено само шест месеци помеѓу првиот абортус и вториот абортус. Покрај тоа, биле направени обновени напори за кривично гонење на бабки. Ова најпрвин започнало со легализацијата на абортусот во 1920 година и прилично голем број бабки биле фатени и казнети бидејќи легалниот абортус не им давал никакво изговор да продолжат да работат. За време на активностите за колективизација во раните 1930-ти, ова било привремено ставено на втор план, но во 1934 година биле донесени нови, построги закони за нелегални абортуси, а имало и циркулар на Обвинителството на РСФСР и опширни стории за нив во главните весници. Циркуларот барал од регионалните обвинители да ги засилат напорите за борба против неодобрениот абортус, цитирајќи го писмото до обвинителството од анонимен приватен граѓанин во кое се оградува штетата направена врз жените од бабките во една рурална област. Еден месец подоцна, „Известија“ објавил текст во кој ја осудува „маката на младите жени кои завршија на прагот на абортусот откако не можеа да најдат вработување“.
1936–1955 година На 27 јуни 1936 година, Централниот извршен комитет на Советскиот Сојуз повторно го прогласил абортусот незаконски, што главно произлегло од загриженоста за растот на населението, како и од загриженоста за медицинските опасности од абортусот. Законот што го забранил абортусот не го правел само тоа, туку содржел неколку различни декрети. Официјалниот наслов на законот гласел „Уредба за забрана на абортуси, подобрување на материјалната помош на жените при породување, воспоставување државна помош на родителите на многудетни семејства и проширување на мрежата на лежечки домови и градинки, заострување на кривичната казна за неплаќање алиментација и за одредени измени во законодавството за развод“. Овој закон дозволувал абортус само во случај на закана по здравјето на жената. Сето ова било дел од советската иницијатива да се поттикне растот на населението, како и да се стави посилен акцент на важноста на семејната единица за комунизмот.
Законот се совпаднал со државно спонзорирана промоција на филмот Циркус (премиерата на 25 мај 1936 година, била одложена) на која е прикажана американска католичка протагонистка како раѓа дете што го зачнала со нејзиниот љубовник Афроамериканец, што било забрането поради американските расистички чувства. На состанокот со работниците од Стахановското движење, Сталин, кој внимателно го следел филмот како силен извор на пропаганда, изјавил: „Конечно мораме да разбереме дека од сите вредни капитали достапни во светот, највредниот и одлучувачки капитал е народот“. Веќе по овој настан, Америка и Американците исчезнале од советската кинематографија.
Овој декрет предизвикал незадоволство и противење меѓу урбаните жени, тврдејќи дека често е невозможно да се има дете кога тие се обидуваат да ги продолжат своите кариери (бидејќи советската држава активно го промовирала образованието на жените и вработувањето) и поради несоодветното домување и потребните материјали за грижа за децата. Законите против абортусот во пракса биле само маргинално поприменливи отколку во царското време и бабките продолжиле да ја вршат својата трговија, знаејќи дека постои мал ризик таа да биде фатена. Иако имало бројни случаи на жени кои се пријавувале во болниците откако биле подложени на неуспешни абортуси, обично било невозможно да се каже дали имале спонтан абортус, самоизвршен или направен од бабка. Непишаниот кодекс на женска солидарност, исто така, останал силен и жените ретко им кажувале на властите за бабките.
Во пракса, стапката на абортуси била малку засегната од декретите од 1936 година, иако било забележано дека стапката на смртност на доенчиња пораснала помеѓу 1935 и 1940 година поради тоа што жените очигледно се повредувале при нелегални абортуси кои потоа ги спречувале да раѓаат здрави деца. Услугите на бабиците останале како отсекогаш: небезбедни, скапи и принудувајќи ги жените да ги лажат властите.
Законот предвидувал надоместоци на жените за нивното седмо и следните деца до нивниот трет роденден. Во 1944 година, бенефициите билеа проширени за да се понудат надоместоци за третото дете до нивниот четврти роденден и за четвртото и следните деца до нивниот седми роденден. Сепак, целата оваа помош била прекината во 1948 година, откако најголемиот извор на исцрпување на населението, Втората светска војна, завршила. И покрај тоа што абортусот бил забранет и овие политики за плодност, стапките на абортуси останале високи во овој период. Нелегалните абортуси предизвикувале околу 4.000 смртни случаи годишно поради компликации при нелегални абортуси. Жените продолжиле да добиваат нелегални абортуси во овој период поради политиките кои ги охрабруваат мажените жени да се вработат и економските политики кои ја фаворизираат тешката индустрија и националната одбрана пред домувањето и стоките за широка потрошувачка.