Република Средна Албанија () ― краткотрајна непризнаена албанска држава основана на 16 октомври 1913 година, со главен град во Драч.
Историја Владата на Република Средна Албанија била создадена во Драч на 16 октомври 1913 година од страна на Есад-паша Топтани и завршила кога Вилхелм Вид, принцот на Кнежеството Албанија, ја презел контролата врз земјата по неговото пристигнување во Албанија на 7 март 1914 година. Постојат извори кои го поврзуваат крајот на Република Средна Албанија со датумот на 1 февруари 1914 година, кога албанска делегација предводена од Есад Паша Топтани му го понудила албанскиот престол на Вилхелм Вид. Знамето на Република Средна Албанија било црвено со бела ѕвезда во долниот десен дел.
Република Средна Албанија издавала свои поштенски марки. Фаик Коница првично ја дал својата поддршка на владата на Есад-паша.
Есад-паша Топтани лево|мини|Есад-паша Топтани.|270x270пкс Најзначајна улога во настанување на Република Средна Албанија имал Есад-паша Топтани. За време на Првата балканска војна се прославил со отпорот за време на опсадата на Скадар. Тој бил член на семејството Топтани, едно од многуте семејства кои биле богати феудални муслимански земјопоседници со привилегиран статус за време на отоманското владеење. Овие муслимански земјопоседници, заедно со муслиманските свештеници, се плашеле да не го изгубат својот привилегиран статус по потпишувањето на Лондонскиот мировен договор и одлуката на Големите сили, за идниот статус на територијата која денес и припаѓа на Албанија.
Поддршка од Кралството Србија Кралството Србија се согласила да ја поддржи владата на Есад-паша финансиски, па дури и со воена сила доколку е потребно. Во замена, Есад-паша се согласил да неутрализира голема група од околу 20.000 качаци од тоа што е денес Косово и Македонија. Тие биле предводени од Иса Болетини и поддржани од Исмаил Ќемали и неговата привремена влада на Албанија. Есад-паша се согласил да му помогне на Кралството Србија да добие дел од крајбрежните области северно од Црн Дрим.
Односи со Отоманската Империја мини|187x187пкс| Ахмед Изет-паша.
Про-османлиските муслимански земјопоседници и свештеници го поддржале Есад-паша Топтани, кој останал верен на Отоманската Империја за време на Првата светска војна и одржуваше блиски допири со владата во Константинопол. Младитурците од Константинопол сè уште се надевале дека ќе ја вратат османлиската власт над Албанија и испратиле агенти во Албанија. Заговор на младотурската влада и предводена од Бекир Фикри, за враќање на отоманската контрола над Албанија преку поставување на отоманско-албански офицер Ахмед Изет-паша за монарх, бил откриен од Србите и пријавен до МКК. Исмаил Ќемали го поддржал заговорот за воена помош против Србија и Грција. Меѓународната контролна комисија (МКК), организација која привремено управува со Албанија во име на Големите сили, им дозволила на нивните холандски офицери кои служат како албанска жандармерија да прогласат вонредна состојба и да го запрат заговорот. Тие извршиле рација во Валона на 7-8 јануари 1914 година, откривајќи повеќе од 200 османлиски војници и го уапсиле Фикри. За време на судењето на Фикри, заговорот се појавил и воениот суд на МКК под команда на полковникот Вилем де Веер го осудил на смрт, а подоцна му бил заменет на доживотен затвор, додека Ќемали и неговиот кабинет поднеле оставка. Откако Ќемали ја напуштил земјата, настанале превирања низ Албанија.
Ривалство со Ќемалиевата привремена влада на Албанија лево|мини|259x259пкс|Исмаил Ќемали. Додека Есад-паша Топтани ја основал Република Средна Албанија, имало друга ривалска влада во Валона — Привремената влада на Албанија — предводена од Исмаил Ќемали која сакал да ја контролира територијата на Република Средна Албанија. Оваа влада била основана од група Албанци на чело со Исмаил Ќемали и собрани од четири османлиски вилаети. За време на преговорите меѓу албанските бунтовници и преговарачите од Отоманската Империја во 1912 година, страните се договориле да ги спојат четирите вилаети: Косовски, Скадарски, Битолски и Јанински Вилает во еден, Албански Вилает. Бидејќи Првата балканска војна започнала пред овој договор да биде потврден во собранието на Отоманската Империја, овој обединет албански вилает останал службено непризнаен. Нејзината независност била прогласена на 28 ноември 1912 година, од група Албанци кои Ќемали ги собрал од сите четири османлиски вилаети заедно со четворица мажи, Албанци од Романија. Австроунгарија и Италија ги поддржале намерите на Исмаи Ќемали и неговата влада да создадат држава чија територија ќе ги опфаќа сите области населени со Албанци, вклучително и територии на денешно Косово, делови од Црна Гора, Македонија и Грција.
Во своето дело Меморандум за Албанија, Есад-паша Топтани негирал дека владата на Ќемали е легитимна, пишувајќи дека тоа е „лична творба на голем број луѓе“.
Последици
Со создавањето на Република Средна Албанија, Есад-паша Топтани ги изолирал приврзаниците на Исмаил Ќемали и неговата Привремена влада на Албанија од северниот дел на Албанија, главно населен со католичко население. Овие католици не сакале да се потчинат на која било од двете национални влади, исто како што не сакале да се предадат на Портата. Така, по Балканските војни и пред принцот Вилхелм Вид да ја преземе контролата врз новооснованото Кнежевство Албанија на 7 март 1914 година, територијата што е денес Албанија, била поделена на три дела. Еден дел северно од реката Мат бил под контрола на католиците, средишниот дел бил територијата на Република Средна Албанија и под контрола на владата предводена од Есад-паша Топтани, додека третиот дел, јужно од реката Шкумба, бил под контрола на Привремената влада на Албанија, предводена од Исмаил Ќемали, кој прогласил независност на Албанскиот Вилает.
Забелешки
Наводи
Надворешни врски
Меморандум за Албанија од Есад Паша Топтани, објавен на мрежната страница на Роберт Елси Горска лаута: (Lahuta e Malcís): Албанскиот национален еп од Ѓерѓ Фишта, Роберт Елси, Џенис Мети-Хек, Центар за албански изучувања Албанците: Современа историја, од Миранда Викерс Весниците вести за обид да биде прифатен повикот од муслиманските земјопоседници во Албанија за престолот на покраината
Категорија:Држави и територии настанати во 1913 година Категорија:Албанија во новиот век Категорија:Поранешни републики Категорија:Држави и територии распаднати во 1914 година Категорија:Појавено во 1913 година во Европа Категорија:Престаноци во 1914 година во Европа Категорија:Поранешни држави на Балканот