Викторија Петровска (р. во Градско) – македонска телевизиска новинарка и водителка.

Животопис Викторија Петровска дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, на отсекот за новинари.

Во 2018 година, таа се вработила во Телевизија Сонце како новинар и водител на вести. Во 2019 година, ја започнува нејзината емисија „Од своја страна“, каде е автор и водител на истата до 2025 година. Од 2023 до 2024 година, е водителка на емисијата „Мој став“ на ЕМ Телевизија. Одреден период, таа пишувала за порталот Платформа.мк. Од 2024 година, таа е водителка на емисијата „Скопје ми е дома“ на Вистинска телевизија.

Таа пишува за порталот Национал.мк од 2025 година. Таа беше дел од дебатната емисија „Прес центар“ на ЕМ Телевизија, заедно со новинарот Саше Ивановски.

Од 2026 година, работи во Телевизија Алфа, каде е дел од утринска емисија.

Надворешни врски www.makedonskosonce.com

Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Македонски новинари Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје