Македонска византискокатоличка црква или Католичка црква од византиски обред во Македонија — самостојна источнокатоличка црква во унија со римокатоличката црква, позната како Унијатска црква. Струмичко-скопската епархија е единствена епархија во состав на црквата и ја покрива целата територија на Македонија. Црквата како засебен ентитет постои од 2001 година како апостолски егзархат за католиците од византиски обред во Македонија, а во 2018 година беше воздигната на ниво на епархија. Од создавањето, функцијата егзарх, а подоцна епарх, ја извршува римокатоличкиот бискуп на Скопје.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски