Мнозинска религија во Азербејџан е Исламот, но земјата се смета за најсекуларна во муслиманскиот свет. Според проценките, 90% (The World Factbook, 2020) или 99,2% (Pew Research Center, 2006) од населението се идентификува како муслиманско. Од нив, мнозинството припаѓаат на шиитската гранка (75-85%), додека значително малцинство (15%-25%) се сунити. Традиционални, разликите помеѓу овие гранки на исламот не биле остро дефинирани во Азербејџан.

Повеќето шиитски муслимани во земјата се придржуваат конџафариското училиште на шиитскиот ислам, додека сунитските муслимани обично се придржуваат кон ханафиското или шафиското училиште. Поради повеќедецениската советска атеистичка политика, муслиманската религиозна припадност во Азербејџан е повеќе културна и етничка отколку религиозна. Шиитскиот ислам е распространет во западните, централните и јужните региони на земјата. Традиционално, селата околу Баку и регионот Ланкаран се сметаат за упоришта на шиитите. Спротивно на тоа, сунитскиот ислам е доминантен во северните региони.

Остатокот од населението се придржува кон други вери или е нерелигиозно; тие не се официјално застапени. Други верски традиции што имаат значителен број приврзаници во земјата се Руската православна црква и разни други христијански деноминации.

Како и сите други постсоветски држави со кои порано владеел Советскиот Сојуз, Азербејџан е секуларна држава; Член 48 од неговиот Устав ја обезбедува слободата на вероисповед. Законот од 1996 година наведува дека странците имаат слобода на совест, но им е ускратено правото да „вршат верска пропаганда“ (т.е. да прозелитизираат) под закана од парични казни или депортација. Според ставовите 1-3 од член 18 од Уставот, религијата дејствува одвоено од власта; секоја религија е еднаква пред законот; а пропагандата на религиите, ускратувањето на човековата слобода и противречење на принципите на хуманизмот се забранети.

Ислам

мини|250x250пкс| Џамијата Биби-Хејбат во Баку, Азербејџан Надворешни видеа Ден на Ашура во Азербејџан Азербејџанците го слават Курбан Бајрам Комеморација на Мухарам во Баку Улогата на исламот во политиката и во секојдневниот живот во Азербејџан останува релативно мала. Истражувањата во доцната советска и раната постсоветска ера генерално покажале дека иако огромното мнозинство Азербејџанци се идентификуваат како муслимани, помалку од една четвртина од оние кои се сметале себеси за муслимани „имале дури и основно разбирање за столбовите на исламот“. За многу Азербејџанци, поврзаноста со исламот се стреми повеќе кон етнички/националистички идентитет отколку чисто религиозен идентитет.Tadeusz Swietochowski Azerbaijan: The Hidden Faces of Islam. World Policy Journal, Volume XIX, No 3, Fall 2002 Една анкета од 1998 година ја проценила застапеноста на жестоки верници во Азербејџан на само 20 проценти.Fereydoun Safizadeh, "On Dilemmas of Identity in the Post-Soviet Republic of Azerbaijan," Caucasian Regional Studies, vol.3, no.1 (1998).

Во постсоветскиот период, иако мнозинството од населението на Азербејџан сè уште номинално се идентификувало со исламот, студиите покажуваат дека азербејџанското општество останало релативно секуларно во годините по распадот на Советскиот Сојуз.Religiosity Highest in World's Poorest Nations August 31, 2010 - data accessed on 22 May 2015 Додека проценките идентификуваат 93-99% од населението на Азербејџан како приврзаници на исламот,Mapping the Global Muslim Population | PEW FORUM| October 2009 важноста на религијата во секојдневниот живот останала мала. (in which numbers have been rounded) Според владините проценки, муслиманското население е приближно 55-65% шиити и 35-45% сунити, но официјално разликите не се остро нагласени. Односите на азербејџанските шиити со Иран, неговиот сосед и доминантната шиитска сила, не се блиски, барем од средината на 1990-тите години. Поглаварот на азербејџанското шиитско свештенство, Шиек Хаџи Хумат Пашазада, се придржува кон тивкото училиште на Абу ал-Касим ал-Куи и бил ученик на иранскиот свештеник Мохамад Казем ШариатмадариRoy, The Failure of Political Islam, 1994, p.190-91 (и двајцата свештеници биле силни противници на Хомеинистичките доктрини и на репресивната политика на иранската влада).Roy, The Failure of Political Islam, 1994, p.173-74

Азербејџанската влада одржува секуларна позиција. Членот 7 од уставот на Азербејџан официјално го прогласува Азербејџан за секуларна држава. Членот 18 декларира одвојување на религијата од државата, еднаквост на сите религии пред законот, а го декларира и секуларниот карактер на државниот образовен систем. Во декември 2010 година, Министерството за образование на Азербејџан ја објавил забраната за хиџаб, според која на учениците им е забрането да носат хиџаб во училиштата. Во април 2021 година, до парламентот на Азербејџан биле поднесени дополнителен сет на предлози со кои се воведуваат дополнителни, интензивно секуларни амандмани на Законот за религија и Административниот законик на Азербејџан.

Бахаизам Бахаизмот во Азербејџан поминал низ сложена историја на регионални промени. Пред 1850 година, следбениците на религијата-претходник наречена Бабизам се појавиле во Нахчиван. До почетокот на 20-тиот век, бахајската заедница, денес со центар во Баку, броела можеби 2.000 поединци и неколку бахајски локални духовни собранија. Таа оставила поволен впечаток кај локалните, регионалните и меѓународните лидери на мислата, како и долгогодишните водечки фигури во религијата. Меѓутоа, согласно официјалната советска доктрина за државен атеизам, бахајската заедница била речиси елиминирана, иако таа подоцна била повторно активирана бидејќи перестројката ги намалила ограничувањата врз религиите. Бахајската заедница на Азербејџан повторно извршила избор на своето Национално духовно собрание во 1992 година. До 2007 година, бахајското население на Азербејџан, со центар во Баку, го вратило своите бројки од претсоветскиот период, со околу 2.000 приврзаници, од кои повеќе од 80% биле преобратени. Сепак, бахајската заедница во Нахчиван, каде за прв пат се појавиле азербејџанските верници, била сериозно малтретирана и угнетувана дури во 2006 година, веројатно поврзано со ставовите 1-3 од член 18 од азербејџанскиот Устав, според кој секоја религија е еднаква пред законот, но пропагандата на религиите, оневозможувањето на човековата слобода и непочитувањето на принципот на хуманизмот се забранети.

Христијанство мини|300x300пкс| Лутеранската Црква на Спасителот во Баку Христијанската религија почнала да се шири на територијата на денешен Азербејџан во првите години од апостолската ера. Христијанството е претставено со православието, католицизмот и протестантството, како и голем број малцински заедници во Азербејџан.

Христијаните, кои се проценува дека се околу 280.000-450.000 (3,1% -4,8%) од населението се главно православни Руси, православни Грузијци и ерменски Апостолци (пред 1990 низ цел Азербејџан, помеѓу 1990 и 2023 година само во отцепениот регион Нагорно-Карабах, а по отцепот на Арцахската Република и бегството на практично сите Ерменци, практично веќе ги нема во Азербејџан). Постои мала етничка азерска протестантска заедница, која брои околу 5.000 верници, главно од муслиманско потекло.

Источна православна црква Православието во Азербејџан денес е претставено со Руската и Грузиската православна црква. Руските православни цркви се групирани во епархијата Баку и Каспискиот регион.

Азербејџан има и единаесет молокански заедници поврзани со старите ритуали на православието. Овие заедници немаат никаква црква; нивните догми се наоѓаат во посебна книга за ритуали. Тие се противат на црковната хиерархија која има посебна моќ.

Црква Свети Григориј Просветител Црквата Свети Григориј Просветител (азербејџански: Müqəddəs Qriqori kilsəsi, ерменски: Свети Գրիգոր Լուսաւորիչի Եկեղեցի) била изградена во 1871 година. Во 1869 година воениот гувернер на Баку, Михаил Петрович Кољубакин, доделил земјиште за изградба на црквата. Зградата била дизајнирана од Карл Гипиус, брат на познатиот уметник Ото Густавович Гипиус (Евстафиевич) и архитект на градот Баку и неговата гувернерија. Првото дело на Карл Гипиус била црквата Свети Карло во Талин, а второ била црквата Свети Григориј Просветител во Баку. Поголемиот дел од својот живот го посветил на изградба на цркви. Во 1903 година во дворот на црквата биле изградени библиотека и училиште. Таа ја преживеала советската државна атеистичка политика од 1920-тите и 1930-тите години кога биле уништени сите, освен една ерменска црква во Баку. Во 2002 година црквата била префрлена во Претседателската библиотека, која се наоѓала во близина, и во која денес се наоѓа нејзината архива.

Албанско-удиска црква Приближно 6.000 од 10.000 лица од удиската етничка заедница живеат во Азербејџан, вклучувајќи 4.400 луѓе кои живеат во селото Ниџ, во Кабалскиот округ.

Католичка црква Во Баку и неговата околина постои мала католичка заедница, со помалку од илјада членови.

Министерот за надворешни работи на Ватикан Џовани Лајоло го посетил Баку на 19 мај 2006 година. За време на посетата што траела до 25 мај, тој се состанал со претседателот Илхам Алиев и со претседателот на Кавкаската свештеничка канцеларија, шеикот Алахшукур Пашазадех, да разговораат за врските помеѓу Азербејџан и Светата Столица.

Џовани Лајоло ги дал следните изјави: „Задоволни сме од нивото на пријателска комуникација помеѓу Азербејџан и Светата Столица“. „Азербејџан навистина е место на спојување на религиите и културите. Ние високо ја проценуваме толеранцијата што постои овде. И многу ни е драго поради интензивниот развој на Азербејџан. Светата Столица е заинтересирана за проширување на односите со Азербејџан, а целта на мојата посета на Баку се состои во размена на мислења за понатамошниот развој на нашите врски“.

Католичката црква во Баку била урната за време на владеењето на Сталин, но нова почнала да се гради во септември 2005 година и била отворена во летото 2007 година.

Зороастризам мини| Огнениот храм Атешгах во Азербејџан Историјата на зороастризмот во Азербејџан датира од првиот милениум п.н.е. Како и другите територитории на Персиската империја, Азербејџан останал претежно зороастриска држава до арапската инвазија во VII век. Името Азербејџан значи „Земја на вечниот оган“ на средноперсиски, име за кое се смета дека има директна врска со зороастризмот.The Korea Times Azerbaijan Cultural Week Hits South Korea Денес религијата, културата и традициите на зороастризмот остануваат високо почитувани во Азербејџан, а Новруз продолжува да биде главен празник во земјата. Зороастризмот оставил длабока трага во историјата на Азербејџан. Трагите на религијата сè уште се видливи во Рамана, Хиналуг и Јанар Даг.

Зороастризмот во Азербејџан не е поврзан со опстанокот на античката религија во областа, туку со поново пристигнување на парсиските Зороастријци кои се населиле од британска Индија во времето на откривањето на нафтата во Баку и потребата од стручна работа во 1880-тите години. Огнениот храм во Баку бил изграден за нивна употреба на местото на древен огнен храм кој користел природно запален гас и нафта на земјата. Огнениот храм бил изграден според чахартакскиот изглед што го користеле Зороастријците илјадници години.

Јудаизам мини|Кирмизи Кесебе има голема еврејска заедница. Постојат три посебни заедници на Евреи (планински Евреи, Ашкенази и Грузиски Евреи) во Азербејџан, кои вкупно бројат речиси 16.000 заедно. Од нив, 11.000 се планински Евреи, со концентрации од 6.000 во Баку и 4.000 во Куба, 4.300 се Ашкенази, од кои повеќето живеат во Баку и Сумгаит, а 700 се грузиски Евреи. Постојат три синагоги во Баку и неколку во провинциите. Шеик-ул-Ислам Алахшукур Пашазаде донирал 40.000 американски долари за изградба на Еврејската куќа во Баку во 2000 година. Постои и едно еврејско село по име Кирмизи Кесебе.

Хиндуизам