Говедар или воловар — назив за човек чие занимање било да чува говеда. Ова занимање се појавило во најрани времиња и сè уште постои денес во некои области каде што е развиено сточарството.

За занимањето Денес, повеќе не може да се видат ливади и ниви со стада говеда. Во минатото, говедата, коњите и свињите биле истерувани од шталите и оборите за да пасат. За говедата потоа се грижел говедар или кравар. Говедарот обично чувал добиток што им припаѓал на други луѓе, на еден или повеќе сопственици.

Рано наутро, говедарот ги собирал говедата од домаќинствата и ги терал на пасење. Вратите од шталите ги отворале старите лица и децата и говедата потоа му се придружувале на крдакот. Говедарот бил одличен познавач на грлата што ги чувал - го познавал секое говедо, знаел која крава е стелна.

Во случај на поголем крдак говедарот не можел сам да го чува, па затоа ангажирал помошници. Помошниците биле помлади од говедарите.

Во Македонија Во Македонија селски говедари се главувале (се најмувале) во време кога стоката се пасела, од Ѓурѓовден до Митровден. За ова време се главувале и момоци, овчари и козари, а се избирале одборници, полјаци и протуѓери.

Галерија

Поврзано Говедарство

Наводи

Категорија:Занаети Категорија:Сточарство