Васа Б. Ивчева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била општа работничка. Му припаѓaлa на напредното движење пред војната и била член на воспитна група. Како работничка во фабриката за цигари често пати криумчарела цигари за потребите на НОД. Во 1943 година била отпуштена од работа како „неблагонадежна“, а во август 1944 година со една група се упатила кон партизанската база во Плачковица и била борец во Четвртата македонска ударна бригада. Учествувала во борбите за ослободување на Струмица, Кочани, Берово, Пехчево, а потоа била префрлена како борец во II баталјон на Народната одбрана. Во борбите за ослободувањето на Берово била полесно ранета. Во четата била санитетски референт.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ