Иноченцо Спинаци (1726 — 1798) — италијански вајар од Рококовиот период, активен во Рим и Фиренца.[httpd://www.nationalgalleries.org/art-and-artists/artists/innocenzo-spinazzi/ Innocenzo Spinazzi]
Животопис Роден бил во Рим како син на сребрар, тој станал водечки вајар во Фиренца, каде што и починал. Го посетувал ателјето на Џовани Батиста Маини. Во Рим, ја завршил статуата на „Свети Јосиф Каласанс“ (1755) за кораб на базиликата Свети Петар.Innocenzo Spinazzi
Во Фиренца дошол во 1769 година, а следната година бил именуван за официјален дворски вајар за династијата Лорена во 1770 година. Големиот војвода Леополд (подоцна цар Леополд II) прв го вработил за реставрација на античка скулптура. Ја изработил портретната биста на Големиот војвода (1771–74; Пити). Спинаци донирал споменици на тројца познати Фирентинци за црквата Санта Кроче: правникот Џовани Лами (починал во 1770 година); Анџело Таванти (починал во 1782 година); и писателот Николо Макијавели (1787). Во 1792 година тој додал скултура од ангел на Крштевањето од Андреа Сансовино и Винченцо Данти над Порта дел Парадизо на Фиренцовата крстилница.
Неговите виртуозни мермерни фигури на силно превезани жени, на пример „Вера“ (1781; Санта Марија Мадалена де Паци) и „Религија“ (од гробницата на Варвара Јаковлевна, принцеза Белоселски, 1794; Торино, Граѓански музеј), ги следат стилските решенија од Антонио Корадини и Џузепе Санмартино во Капела Сансеверо во Неапол. Спинаци бил професор по ваја на Академијата за ликовни уметности во Фиренца, од 1784 година. Еден од учениците му бил и Франческо Карадори. Починал во Фиренца во 1798 година.Innocenzo Spinazzi Наводи
Категорија:Италијански вајари Категорија:Италијански вајари од 18 век