Историзам () — филозофска и историографска теорија, основана во Германија во XIX век (како Historismus) и особено влијателна во Европа во XIX и XX век. Во тоа време не постоела ниту една природна, хуманистичка или филозофска наука што, на еден или друг начин, не одразувала историски начин на размислување (сп. споредбената историска лингвистика итн.). Историзмот ја нагласува историската природа на човештвото и неговата поврзаност со традицијата.

Историчарската историографија ја отфрла историската телеологија и ги заснова своите објаснувања на историските појави врз сочувство и разбирање (види: херменевтика) за настаните, дејствителите и историските периоди. Историчарскиот пристап ја носи до крајност вообичаената забелешка дека човечките установи (јазикот, уметноста, религијата, правото, државата) се подложни на постојани промени.

Фридрих Мајнеке ја изложува аргументацијата за историзмот истакнувајќи две гледни точки на објаснувањето: преку причините и преку вредностите. Во почетокот на XX век, Анри Бергсон, развивајќи ги своите гледишта за времето како надворешност, различна од траењето што е внатрешност, поставува и подлабока филозофска основа на идејата за историзам.

Наводи

Надворешни врски

Historism | Britannica (англиски)

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Историографија Категорија:Филозофија на историјата