Наградата Ханс Кристијан Андерсен или наградата Андерсен е најпознатата меѓународна награда за детска литература. Наградата ја доделува Меѓународниот одбор за книги за млади (), на секои две години, на еден писател и еден илустратор на детски книги, за нивниот „траен придонес во детската литература“. Во 1956 г. била прв пат доделена на писател, додека наградата за илустрација прв пат била доделена во 1966 г. Таа понекогаш се нарекува „Нобелова награда за детска литература“.

Наградата е именувана по Ханс Кристијан Андерсен, дански писател на бајки од 19 век. Секој победник добива златен медал Ханс Кристијан Андерсен и диплома. Медалите се доделуваат на биеналниот конгрес на IBBY.

Историја Меѓународниот одбор за книги за млади (МОКМ) бил основан од Јела Лепман во 1950-тите. Наградата Ханс Кристијан Андерсен за прв пат била предложена во 1953 г. и доделена три години подоцна, во 1956 г. Била создадена по Втората светска војна со цел да се поттикне развојот на висококвалитетни книги за деца. Наградата првично се доделувала на секои 2 години за индивидуални дела објавени во претходните две години. Од 1962 г. формалните критериуми за доделување на наградата биле променети. Наградата се доделува на „жив автор за кој се смета дека дал траен придонес кон добрата литература за млади луѓе. При доделувањето на медалот ќе бидат земени предвид целокупните дела на авторот“.

МОКМ во 1966 г. ја проширил и на илустратори од поради зголемување на квалитетот на сликовниците. Од 1966 до 1996 година второпласираните автори добиваат „Исклучителна препорака“ а од 1998 година ова било заменето со список од три до четири „финалисти“.

Наградата понекогаш се нарекува „Мала Нобелова награда“ или „Нобелова награда за детска литература“ и се наведува како „најважна активност“ на МОКМ. Од 1992 г. покровител на наградата е кралицата Маргарета II од Данска.

Жири Добитникот на наградата Ханс Кристијан Андерсен го избира жири составено од Извршниот комитет на МОКМ. Претседателот на жирито го избира Генералното собрание на МОКМ. Првично имало седум членови, па осум, а од 2000 г. жирито броело десет членови. Две години подоцна, жирито било поделено на пет члена со фокус на пишување, а другите пет се занимавале со илустрации. Од жирито се очекува да биде компетентно во детската литература и да претставува разновидна група. Обично потребни се шест месеци за да се разгледаат кандидатите и да се избере победник.

Јела Лепман беше претседател на жирито од 1956 до 1961 г. и останала член на жирито сè до нејзината смрт во 1970 г. најпрво како претседател на МОКМ, а потоа и како почесен претседател. Тековните четиригодишни мандати опфаќаат два циклуса на доделување награди. Други значајни претседатели биле Вирџинија Хавиленд (1970–1974), Патриша Крамптон (1982–1986) и Ана Марија Машадо (1986–1990).

Победници ГодинаПисциИлустраториДобитникДржаваДобитникДржава1956.Елинор ФарџеонOK1958.Астрид ЛиндгренШведска1960.Ерих КестнерГерманија1962.Мејндерт ДеЏонгСАД1964.Рене ГијоФранција1966.Туве ЈансонФинскаАлоис КариџетШвајцарија1968Џејмс КрусГерманијаЈиржи ТрнкаЧехословачкаХосе Мариа Санчез-СилваШпанија1970.Џани РодариИталијаМорис СендакСАД1972.Скот О'ДелСАДИб Спанг ОлсенДанска1974.Мариа ГрипеШведскаФаршид МесхалиИран1976.Сесил БодкерДанскаТатјана МавринаСовјетски Савез1978.Пола ФоксСАДСвенд Ото С.Данска1980.Бохумил РихаЧехословачкаСуекиќи АкабаЈапонија1982.Лижја Божунга НунешБразилЗбигњев РичлицкиПољска1984.Кристина НестлингерАвстријаМицумаса АноЈапонија1986.Патриша РајтсонАвстралијаРоберт ИнгпенАвстралија1988.Ени М. Г. ШмитХоландијаДусан КалајЧехословачка1990.Турмуд ХаугенНорвешкаЛизбет ЦвергерАвстрија1992.Вурџинија ХамилтонСАДКвета ПацовскаЧехословачка1994.Миќио МадоЈапонијаЈорг МјулерШвајцарија1996.Ури ОрлевИзраелКлаус ЕнсикатГерманија1998.Катарина ПетерсонСАДТоми УнгерерФранција2000.Ана Марија МашадоБразилЕнтони БраунОК2002.Ејдан ЧемберсОККвентин БлејкОК2004.Мартин ВаделИрскаМакс ВелтијсХоландија2006.Маргарет МахиНов ЗеландВолф ЕрлбрухГерманија2008.Јург ШубигерШвајцаријаРоберто ИноќентиИталија2010.Дејвид АлмондОКЈута БауерГерманија2012.Марија Тереза АндруетоАргентинаПетер СисЧешка2014.Нахоко УехашиЈапонијаРоџер МелоБразил2016.Цао ВенсјуенКинаРотраут Сузан БермерГерманија2018.Еико КадоноЈапонијаИгор ОлејниковРусија2020.Жаклин ВудсонСАДАлбертина ЗулоШвајцарија 2022.Мари-Од МјурајФранцијаСузи ЛиЈужна Кореја

Наводи

Надворешни врски — Официјално мрежно место

Категорија:Книжевни награди