Аспарух Каневче (, - ?) — македонски политичар. Во својот работен век извршувал бројни функции: градоначалник на Скопје, министер за електростопанство, министер за земјојделство и шумарство, член на Извршен комитет.

Животопис Каневче е роден во 1916 година во Охрид, тогаш окупиран од бугарските трупи за време на Првата светска војна. Учел во вечерното резбарско училиште во родниот град. Од 1949 до 1950 година бил претседател на градскиот народен комитет (градоначалник) на Скопјe. На 1 март 1950 година ја презел функцијата министер за електростопанство во третата влада на Народна Република Македонија. Во четвртата влада од 7 јануари 1951 година ја извршувал функцијата министер за земјоделство и шумарство. Бил и член на Шестата влада (Извршен комитет) од 19 декември 1953 година до 25 април 1958 година.

Поврзано Јанка Каневчева Глигор Каневче Љубица Каневче Ванѓа Каневче

Наводи

Категорија:Македонски копаничари Категорија:Градоначалници на Град Скопје Категорија:Југословенски политичари