Митос — книга напишана од британскиот автор Стивен Фрај, објавена во 2017 година. Станува збор за прераскажување на голем број старогрчки митови избрани од Фрај. Во 2018 година Херои, прераскажување на митови за грчките херои, била издадена како и претставата насловена како Митос: Трилогија, Претставата била премиерно била изведена на фестивалот „Шо“ во Онтарио, Канада, во 2018 година и требала да оди на турнеја низ ОК почнувајќи од август 2019 година. Третата и четвртата книга, насловени како Троја и Одисеја, следеле во 2020 и 2024 година.
Заплет Фрај на почетокот од книгата наведува дека не е потребно никакво претходно познавање за да се ценат приказните и дека „нема апсолутно ништо академско или интелектуално во грчката митологија; таа е предизвикувачка, забавна, пристапна и неверојатно човечка“. Приказните се претежно прераскажувања на митови изведени од Теогонија на Хесиод, Метаморфози на Овид и Златното магаре на Апулеј.
Прием „Митос“ добила оценка од 4/5 во рецензијата насловена како „Каква книга е „Митос“ од Стивен Фрај? Којзнае - но е паметна и забавна“ во рубриката за култура на „Телеграф“. „Скотсмен“ ја пофалил достапноста на книгата, како и знаењето и ентузијазмот на Фрај за темата но ја критикувал недоследноста на стилот на книгата, велејќи дека се движи помеѓу ерудитски и „намерно нецелосен“.
Британската научничка Едит Хол го критикувала ограничениот избор на митови на Фрај во нејзината рецензија за Гардијан каде што напишала дека недостатокот на страница за содржина или индекс на книгата значи дека читателот не е предупреден за нејзината нецелосна природа. Сепак, таа продолжила со пофалба за Фрај и конструктивното користење на својата слава и да каже дека неговиот „карактеристичен глас несомнено додава нешто живо, хумористично и интимно на психолошката димензија на митот. Луѓето кои уживаат во неговата медиумска личност и посебниот стил на пост-Вудхаусови англиски шеги ги очекува уживање“.
Наводи
Категорија:Митолошки книги Категорија:Книги од 2017 година Категорија:Книги засновани на грчки митови