Економската транспарентност се однесува на банките и другите финансиски институции кои имаат доставено податоци за нивната финансиска состојба и позиција. Сепак, дефиницијата делумно зависи од перспективата на различните истражувачки области преку кои се испитува, главно монетарна економија, меѓународни финансии, корпоративни финансии и други (на пр. јавна економија, меѓународна трговија, цени на средства и економија на трудот). Светската трговска организација ја дефинира економската транспарентност како „степен до кој трговските политики и практики, како и процесот преку кој тие се воспоставуваат, се отворени и предвидливи“ (Прирачник на СТО за 2014 година). Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД, 2012 г.) ја опишала транспарентноста како „состојба во која учесниците во инвестицискиот процес се во можност да добијат доволно информации едни од други со цел да донесат информирани одлуки и да ги исполнат обврските и должностите“. Според Националното биро за економски истражувања (NBER), постојат три главни гранки: транспарентност во економската политика, во институционалните структури што ги опкружуваат пазарите и во корпоративниот сектор.
Фискалната транспарентност се смета за суштинска за информирано донесување на одлуки, за гарантирање на одредено ниво одговорност и за одржување на фискалната дисциплина.
Централните банки значително се разликуваат во однос на начините на кои станале потранспарентни. Банката на Англија е водечки пример во овој поглед.Forssbaeck, Jens; Oxelheim, Lars, eds. (2015). The Oxford Handbook of Economic and Institutional Transparency. Oxford University. ISBN 978-0-19-991769-3.
Механизми за социо-економска транспарентност За економската транспарентност да ја поправи асиметријата, потребен е некаков механизам за пренесување на информациите од „испраќачот“ (информираниот) до „примачот“ (неинформираниот). Бидејќи транспарентноста има и побарувачка страна, за да се зголеми, информациите мора да бидат релевантни за донесувањето на одлуки од страна на примателот. За да се подобри слободата на избор, овие механизми сигнализираат за импликациите од социоекономските избори на поединецот. Повторно постојат две страни кои се ангажирани: новинарот кој ги внесува информациите во инструментот и лицето кое го истражува барањето кое бара информации поврзани со социо-економските избори.
Примери претставуваат:
јавно достапни тестови на производи од страна на групи за безбедност на потрошувачите; информации за хранливата вредност отпечатени на прехранбените производи (понекогаш пропишани со официјални прописи); етикети, утврдени од владини или невладини организации (што укажуваат на одредени „органски“ методи на производство или „фер“ услови за плата за производителите); оценки и прегледи од потрошувачите за веб-продавници (amazon.com); Веб-страници за споредба на плати (glassdoor.com); класифицирани информации што ги откриваат анонимните платформи (wikileaks.org).Philipp Geiger (15 June 2016). "Notes on socio-economic transparency mechanisms". arXiv:1606.04703 cs.CY.
Сите овие механизми се соочуваат со следниве предизвици:
јазик - стандардизирано и консензуално значење (на пр. на кои компании, етикетите во извештаите се однесуваат во реалноста); инференција - способност за филтрирање и толкување на релевантните информации за да може да се задоволи барањето (интернетот е типичен пример за механизам без инференција); приватност/анонимност - користење на посредници (луѓе или платформи како што е wikileaks.org) за да се задржи идентитетот на новинарот приватен доколку тоа е потребно; вистина/измама - справување со обидите на некои новинари да го измамат механизмот или ненамерно да внесат погрешни информации (на пр. испраќање повеќе лажни позитивни критики за да се подобри просечната оценка), една од корисните алатки за надминување на ова претставува прикажувањето на какви било несовпаѓања помеѓу внесените информации (во случај на еднодимензионални оценки на производи што го прикажуваат минимумот и максимумот) или користењето на оценки за доверливост на новинарите.
Наводи
Категорија:Антикорупциски мерки Категорија:Отчетност