Антикорупцијата опфаќа активности што се спротивставуваат на корупцијата или ја спречуваат. Исто како што корупцијата има многу форми, напорите против корупцијата варираат во однос на обемот и стратегијата. Понекогаш се прави општа разлика помеѓу превентивните и реактивните мерки. Во таква рамка, истражните органи и нивните обиди за откривање на коруптивните практики би се сметале за реактивни, додека едукацијата за негативното влијание на корупцијата или програмите за усогласеност во рамките на фирма се класифицирани како превентивни.
Историја
Рана историја алт=Photograph of the code of Hammurabi stele as displayed in the Louvre|мини| Меѓу најраните документирани напори против корупцијата е и Хамурабиевиот законик, датиран од околу 1754 година. п.н.е. Хамурабиевиот законик (), Големиот едикт од Хоремхеб (), и Артасастра (2 век п.н.е.) се меѓу најраните пишани докази за напорите против корупцијата. Сите тие рани текстови го осудуваат поткупот направен со цел да се влијае врз одлуките на државните службеници, особено во судскиот сектор.Bacio Terracino (2012), p. 28 За време на Римското Царство, корупцијата била превенирана, меѓу другото, со декрет издаден од царот Константин I во 331 година.
Во античко време, моралните принципи засновани на религиозни верувања биле вообичаени, а неколку големи религии, како што се будизмот, христијанството, хиндуизмот, исламот, јудаизмот, сикизмот и таоизмот, го осудувале корумпирано однесување во нивните религиозни текстови.Bacio Terracino (2012), p. 29 Опишаните правни и морални ставови се однесувале исклучиво на поткупот, но не се занимавале со други аспекти што се сметаат за корупција во 21 век. Проневера, кронизам, непотизам и други стратегии за стекнување јавен имот од страна на носителите на функции сè уште не биле конструирани како незаконски или неморални, бидејќи позициите на моќ се сметале за личен посед, а не за доверена функција. Со популаризацијата на концептот на јавен интерес и развојот на професионална бирократија во 19 век, канцелариите почнале да се перцепираат како старателства, наместо како сопственост на носителот на функцијата, што довело до формирање на негативна перцепција за тие дополнителни форми на корупција и донесување на закони против нив.Bacio Terracino (2012), p. 30 Сепак, во дипломатијата и кога станувало збор за меѓународни трговски цели, корупцијата останала општоприфатен феномен во политичкиот и економскиот живот во текот на 19-тиот и поголемиот дел од 20-тиот век.Confronting Corruption, p. 9
Во современото општество Во текот на 1990-тите години, корупцијата сè повеќе се сметала за негативно влијание и тоа врз економијата, демократијата и владеењето на правото, како што истакнал Кофи Анан. Оваа изјава на Анан може да се поткрепи со различни емпириски студии, каква што објавил и Џули Бачио Терачино.Bacio Terracino (2012), pp.31-34 Зголемената свест за корупцијата била широко распространета и била споделена преку професионални, политички и географски граници. Иако меѓународните напори против корупцијата изгледале нереални за време на Студената војна, станала можна нова дискусија за глобалното влијание на корупцијата, што довело до официјална осуда на корупцијата од страна на владите, компаниите и разни други засегнати страни.Confronting Corruption, pp. 12 et seq. Во текот на 1990-тите години, дополнително се забележало зголемување на слободата на печатот, активизмот на граѓанските општества и глобалната комуникација преку подобрената комуникациска инфраструктура, што го отворило патот за потемелно разбирање на глобалната распространетост и негативното влијание на корупцијата. Како последица на овие случувања, биле основани меѓународни невладини организации (на пр. Транспаренси Интернешенал) и меѓувладини организации и иницијативи (на пр. Работната група на ОЕЦД за поткуп) за надминување на корупцијата.Confronting Corruption, pp. 13-14
Од 2000-тите, дискурсот добил поширок опсег. Сè почесто корупцијата се опишувала како вид кршење на човековите права, што било дискутирано и од страна на надлежните меѓународни тела. Освен обидот да се најде соодветен опис за корупцијата, интеграцијата на корупцијата во рамката за човекови права била мотивирана и од нагласувањето на важноста на корупцијата и едукацијата на луѓето за нејзините последици.
Правна рамка Во националното и во меѓународното законодавство, постојат закони што се насочени против корупцијата. Законите можат да произлегуваат од резолуции на меѓународни организации, кои ги спроведуваат националните влади откако ги ратификуваат тие резолуции или да бидат директно издадени од соодветното национално законодавно тело.
Законите против корупцијата се мотивирани од слични причини кои генерално го мотивираат постоењето на кривичното право, бидејќи се смета дека тие закони, од една страна, носат правда со тоа што ги повикуваат поединците на одговорност за нивните престапи, правдата може да се постигне со санкционирање на тие корумпирани лица, а потенцијалните криминалци се одвраќаат со тоа што се демонстрираат можните последици од нивните потенцијални дејствија.
Граѓанското општество Мајкл Џонстон, меѓу другите, изјавил дека невладините организации (НВО), организациите на граѓанското општество (ГО) и медиумите можат да имаат ефикасно влијание врз нивото на корупција во земјата. Покрај тоа, Бертот и др. (2010) го прошириле списокот на потенцијалните агенти на граѓанското општество со воведување на поимот децентрализиран, неформално организиран антикорупциски активизам преку каналите на социјалните медиуми.
Имајќи предвид дека недостасуваат прецизни и сеопфатни дефиниции за коруптивни дејствија, правната перспектива е структурно неспособна ефикасно да ја оневозможи корупцијата. Во комбинација со значителната разновидност на националните закони, често менувачките регулативи и двосмислено формулираните закони, се тврди дека се потребни недржавни актери за да ја надополнат борбата против корупцијата и да ја структурираат на поцелосен начин.
Во културата Меѓународниот ден против корупцијата се одбележува секоја година на 9 декември, откако Обединетите нации го воспоставиле во 2003 година, за да се нагласи важноста на борбата против корупцијата и да се обезбеди видлив знак за кампањи против корупцијата.
Поврзано
Меѓународна академија за борба против корупцијата Меѓународен ден за борба против корупцијата Конвенција на Обединетите нации против корупција Спречување на измами со субвенции
Наводи
Извори
Категорија:Антикорупциски мерки