мини|Мачеништвото на апостол Тадеј (Нирнбершка хроника, 1493 г.) Јуда (староеврејски: יהודה) — еден од браќата (според некои извори полубрат, син на Јосиф од претходен брак, или пак братучед) на Исус Христос според Новиот завет. Се спомнува во Евангелието според Марко (Мк. 6:3).

Според едно од толкувањата, Јуда се смета за автор на Посланието на Јуда, најкраткото послание, кое се наоѓа по Посланијата на апостол Павле и му претходи на Откровението на Јован. Христијаните го сметаат за канонски текст. Католиците и источноправославните христијани го поистоветуваат овој Јуда со апостол Тадеј.

Поистоветување со апостол Тадеј Во средниот век, апостол Јуда често се поистоветувал со апостол Тадеј, но денес повеќето библиски научници ги сметаат за различни личности. Затоа, постои одредена тешкотија во утврдувањето на авторството на Посланието на Јуда, каде што Јуда се нарекува себеси брат на Јаков.

Во православието Православното предание, кое ги поистоветува апостол Јуда и Јуда, „братот Господов“, вели дека апостол Јуда не се осмелил да се нарече полубрат Господов (Јуда 1:1) од причина што кога Јосиф свршеникот решил да го подели својот имот меѓу своите наследници, сите освен Јаков не сакале Исус да добие наследство еднакво на наследството на синовите на Јосиф од неговата прва жена.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Библиски личности Категорија:Личности од Новиот завет