„Тигарот во чадот“ — криминалистички роман од Марџери Алингем, првпат објавен во 1952 година во Обединетото Кралство од издавачката куќа „Чато и Виндус“ и во САД од издавачката куќа „Даблдеј“. Тој бил четиринаесеттиот роман од серијалот за Алберт Кампион. Критичарите ја опишале како најдобра од мистериите на Кампнон и како нејзината најдобра книга воопшто.
Авторката Џ.К. Роулинг го опишала романот како феноменален.
Приказната била адаптирана за филм во 1956 година исто така наречен „Тигар во чадот“ во кој главните улоги ги играле Доналд Синден, Мјуриел Павлоу, Бернард Мајлс (во необична улога на негативец) и Тони Рајт, но со изоставување на централниот лик Кампион и предавање на неговите дијалози и сцени на други ликови, особено на инспекторот Лук, и со измена на крајот.
Наводи
Марџери Алингем, Тигарот во чадот (Лондон: Чато и Виндус, 1952) Марџери Алингем, Тигарот во чадот (Винтиџ, Рендом Хаус, 2005)
Надворешни врски An Allingham bibliography, with dates and publishers, from the UK Margery Allingham Society Категорија:Криминалистички романи Категорија:Книги од 1952 година