И не биди млад мајмун — криминален роман од македонскиот писател и сценарист Велко Неделковски. Книгата ја издала издавачката куќа Арс Ламина во 2020 година.

Содржина Главен јунак на романот е Симон (Шими) Апостолов. Неговиот живот е пред распад. Бракот со неговата сопруга, Агна, е речиси готов, нема работа и вплеткан е во различни криминални активности. Сепак, како судбината да му овозможува шанса за подобро утре кога Богдан Еврич ќе му понуди работа во неговото кафуле и сопругата ќе му соопшти една убава вест. Но, за време на неговата смена, во кафулето се водат сомнителни разговори помеѓу една жена и тројца мажи, а еден од нив не припаѓа на тоа друштво – еден од нив е на страната на законот.

Наводи

Категорија:Криминалистички романи Категорија:Книги од 2020 година Категорија:Дела на Велко Неделковски Категорија:Изданија на Арс Ламина - публикации