Хосе Педро Балмаседа Паскал (; р. 2 април 1975 г.) — чилеански и американски глумец. По речиси две децении мали улоги на сцената и телевизијата, Паскал ја добил својата пробивна улога како Оберин Мартел во четвртата сезона на фантастичната серија на HBO, Игра на тронови (2014). Со неговата улога на Хавиер Пења во криминалистичката серија на Нетфликс, Наркос (2015 — 2017) се прославил уште повеќе. Играл во филмовите Големиот ѕид (2016), Кингсман: Златниот круг (2017), Израмнувачот 2 (2018) и Тројна граница (2019).
Главните улоги на Паскал како Дин Џарин во научнофантастичната серија на Disney+ Мандалоријанецот (2019 — 2023) и Џоел Милер во постапокалиптичната драмска серија на HBO, Последниот од нас (2023–денес) го довеле до меѓународна слава, со репутација за толкување на татковски личности. За втората улога, добил бројни признанија, вклучувајќи ја наградата на Здружението на филмски актери и номинација за наградата Златен глобус и наградата Притисајм Еми. Играл родителски ликови во Можеме да бидеме херои (2020), Чуден начин на живот (2023) и Дивиот робот (2024). Паскал глумел и во филмовите со голем буџет Чудесната Жена 1984 (2020) и Гладијатор 2 (2024). Тој го игра Рид Ричардс/Мистер Фантастик во Фантастична четворка: Први чекори (2025).
Бил активен во театарот од 1999 година а своето деби на Бродвеј го имал како Едмунд во адаптацијата на Кралот Лир од 2019 година. Списанието Тајм го именувало за еден од 100-те највлијателни луѓе во светот во 2023 година.
Ран живот Хосе Педро Балмаседа Паскал е роден на 2 април 1975 година во Сантјаго, Чиле од детскиот психолог Вероника Паскал Урета и докторот за плодност Хосе Балмаседа Риера, член на кастилијанско-баскиската аристократија. Неговата баба од таткова страна е родена во Палма де Мајорка, Шпанија. Тој има постара сестра по име Хавиера, помлад брат по име Николас, и помлада сестра по име Лукс, која е глумица и трансродова активистка. Мајката на Паскал е братучетка на Андрес Паскал Аљенде, внук на социјалистичкиот чилеански претседател Салвадор Аљенде. Паскал Аљенде бил еден од првите водачи на Движењето на револуционерната левица, милитантна крајно левичарска организација.
Две години пред раѓањето на Паскал, демократски избраната социјалистичка влада на Салвадор Аљенде била соборена од генералот Аугусто Пиноче, со што запошнала воената диктатура во земјата. Двајцата родители на Паскал биле наведени како непријатели на државата од страна на режимот на Пиноче, а семејството на крајот избегало од Чиле кога тој имал девет месеци, откако шест месеци биле во засолниште во венецуелската амбасада во Сантјаго.
Семејството подоцна добило политички азил во Данска пред да се насели во Соединетите Американски Држави, каде што Паскал пораснал во Сан Антонио, Тексас.
Тој студирал глума на Уметничкото училиште во округот Оринџ и дипломирал во 1993 година, пред да се запише на Уметничкото училиште Тиш на Универзитетот во Њујорк, каде што дипломирал во 1997 година.Broeske, Pat H. (April 28, 2014). "The Viper Prince". Orange Coast. Archived from the original on June 2, 2014. Retrieved May 27, 2014. По смртта на неговата мајка, почнал професионално да го користи нејзиното презиме од почит кон неа и поради полесното изговарање.
Кариера
1999–2013: Рана работа На почетокот на својата кариера, Педро Паскал се појавиl во телевизиски серии како што се Бафи, убиецот на вампири, Добрата сопруга, Сестрата Џеки и Татковина, а истовремено се борел финансиски - работејќи во ресторани. Во тешки времиња, блиската пријателка Сара Пулсон го издржувла финансиски, а преостанатиот чек од Бафи му помогнал да се стабилизира кога имал помалку од седум долари на банкарската сметка. Член на театарската компанија ЛАБиринт во Њујорк, Паскал добил признанија како што е наградата од Кружок на Драмски критичари на Лос Анџелес за неговата сценска работа. Во 2010 година, ја напишал претставата Флака ја сака коската, во режија на Сара Силверман, и го имал своето режисерско деби со Убиствена претстава во театарот Rattlestick Playwrights. Таму, исто така, ги режирал подмојоткревет и Јосемити. Во 2011 година, бил избран за неемитуваната пилот-епизода на ТВ серијата Чудесната Жена како Ед Инделикато.
2014–2018: Пробив и подем кон славата лево|мини|265x265пкс| Паскал на комиконот во Сан Диего во 2014 година Во 2014 година, Паскал го играл ликот Оберин Мартел во четвртата сезона на критички признатата телевизиска серија „Игра на тронови“ на HBO. Тој добил широко признание за неговата изведба како харизматичниот и одмаздољубив дорнски принц, како и критички пофалби, а медиуми како ЦНЕТ, Колајдер, Мери Су, Тајм и Есквајр го нарекле Мартел еден од најдобрите ликови во серијата. „Лос Анџелес Тајмс“ ја опишале улогата како пресвртница во кариерата на Паскал, нарекувајќи го секс симбол, додека МувиВеб забележале дека неговата кариера потоа нагло пораснала. Долгогодишен обожавател на серијата, Паскал бил воодушевен што се придружи на екипата и подоцна добил номинација за наградата од Здружението на филмските глумци како дел од ансамблот.
Во филмот од 2015 година Крвопијци копилиња, Паскал го играл вампирот Макс. Во април 2015 година, Паскал заедно со Хајди Клум глумел во спот на Сиа. Во август 2015 година, Паскал добил дополнително признание за неговата улога како Хавиер Пења, базирана на агент на ДЕА од вистинскиот живот, во популарната криминалистичка драмска серија на Нетфликс Наркос.
Во 2016 година, го играл платеникот Перо Товар во фантастичниот акционен филм „Големиот ѕид“ , заедно со Мет Дејмон, а во режија на Жанг Јимоу. Сместен во позадина на иконскиот Кинески ѕид, филмот ги следи европските платеници кои се вмешани во битка против древни суштества кои му се закануваат на човештвото. Паскал го изразил своето восхитување кон Жанг, чиј обожавател бил во младоста. десно|мини|265x265пкс| Паскал на комиконот во Сан Диего во 2017 година Во 2017 година, Паскал го играл харизматичниот и вешт оперативец во организацијата Стејтсмен, Џек Дениелс, познат и како агент Виски, во филмот Кингсман: Златниот круг. Крис Сасагвај го нарекол „еден кул каубој“, забележувајќи ја неговата „искрена љубов кон вмешувањето во сурова тепачка“ и фалејќи ја „разиграната страна што толку лесно му доаѓа на Паскал [...] која не се губи во играњето на Виски, претворајќи го во достоен нов лик што ќе застане покрај агентите на Кингсман“.
Во 2018 година, тој ја играл главната улога на Дејв Јорк, главниот антагонист, во трилер-продолжението на Дензел Вашингтон, „Израмнувачот 2“ . Во „Проспект“, Паскал го играл Езра, искусен и енигматичен трагач кој се движи по опасна вонземска месечина во потрага по вредни ресурси. Мониша Рависети напишала „прекрасно изненадена кога Педро Паскал се појави во изгорен портокалов вселенски костум“, а Даис Џонстон ретроактивно ја споредила улогата со ликовите на Паскал во „Мандалоријанецот“ и „Последниот од нас “, пишувајќи „Педро Паскал игра груб човек кој се грижи само за себе сè додека едно дете не му го омекне срцето“. Во филмот „Ако улицата Биел можеше да зборува“ од 2018 година, во режија на Бери Џенкинс и базиран на романот на Џејмс Болдвин, Паскал се појавил кратко.
2019–денес: Светска слава со „Мандалоријанецот“ и „Последниот од нас“ Во февруари 2019 година, Паскал го имал своето деби на Бродвеј во адаптација на Кралот Лир со Гленда Џексон и Рут Вилсон, каде што ја презеде улогата на Едмунд, лукавиот и амбициозен вонбрачен син на грофот од Глостер. Од 2019 година, Паскал ја игра главната улога во „Мандалоријанецот“, првата телевизиска серија базирана на Војна на ѕвездите. Серијата ги следи авантурите на осамен ловец на глави во далечните делови на галаксијата. Улогата му донела на Паскал многу пошироко признание, и етаблирање за неговите портрети на татковски фигури. Истата година, го глумел Франсиско „Сом“ Моралес, пилот на хеликоптер, во драмата за кражба на Нетфликс, Тројна Граница.
Личен живот Паскал течно зборува англиски и шпански јазик. Тој развил блиско пријателство со глумицата Сара Полсон набргу по преселбата во Њујорк во 1993 година.Broeske, Pat H. (April 28, 2014). "The Viper Prince". Orange Coast. Archived from the original on June 2, 2014. Retrieved May 27, 2014. Паскал е исто така близок пријател со Оскар Ајзак, бидејќи двајцата актери се запознале додека се појавувале во 2005 година во продукција на Убавината на таткото надвор од Бродвеј. Ајзак и Паскал подоцна се појавиле заедно во филмот Тројна граница од 2019 година.
Паскал се идентификува како агностик и прогресивен либерал. Тој е застапник на ЛГБТК+ правата и ја поддржува својата сестра Лукс Паскал кога која е трансродова. Лукс изјавила: „Тој беше важен дел од ова. Тој е исто така уметник и беше водич. Тој беше еден од првите што ми ги даде работите што го формираа мојот идентитет.“ Во април 2025 година, Паскал ја осудил авторката Џ.К. Роулинг, нарекувајќи ја „грозоморна губитничка“ во коментар на Инстаграм, откако таа ја прослави пресудата во случајот „Фор Жен Шкотска ДОО“ против „Шкотските министри“, во која се наведува дека терминот „пол“ треба законски да значи биолошки пол.
На Бадник 2023 година, Паскал повикал на прекин на огнот во војната во Газа и побарал донации за Лекари без граници . На 1 март 2025 година, Паскал објавил во поддршка на Украина на Инстаграм, пишувајќи: „Останете на вистинската страна од историјата. Слава на Украина“, по јавните критики на американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во мај 2025 година, Паскал потпишал отворено писмо во кое ја критикува „пасивноста“ на филмската индустрија за време на тековниот геноцид во Газа.
Глумечки заслуги и признанија Почнувајќи ја својата кариера во 1996 година, највисоко оценетите филмски и телевизиски проекти на Паскал, според веб-страницата за агрегација на рецензии Ротен томејтос, вклучуваат: Непоканетите (2024), Последниот од нас (2023–денес), Да може улицата Бијл да зборува (2018), Повици (2021), Добрата Сопруга (2009–2011), Мандлоријанецот (2019 — 2023), Проспект (2018), Наркос (2015 — 2017), Игра на тронови (2014) и Грејсленд (2013 — 2014). +Награди и номинацииНаградаГодинаНасловКатегоријаРезултатАстра филмски награди2024Дивиот роботНајдобра гласовна изведба Астра Креативни уметности ТВ награди2023Сабота навечер во живоНајдобар гостин актер во телевизиска или кабелска серија - комедија Астра ТВ-награди2023Последниот од насНајдобар гостин актер во телевизиска или кабелска серија - драма Награди за избор на критичарите2024Најдобар глумец во телевизиска серија - драма Супер награди за избор на критичарите2021МандалоријанецотНајдобар глумец во серија од научна фантастика/фантазија Филмски фестивал Фарго2019ПроспектНајдобар глумец Награди златен глобус2024Последниот од насНајдобар глумец во телевизиска серија - драма Награди за средината на сезоната на Здружението на холивудски критичари2022Неподносливата тежина на огромниот талентНајдобар спореден глумец Награди на Фондацијата „Имаџен“2016НаркосНајдобар глумец—ТВ 2021Чудесната Жена 1984Најдобар актер—Филм 2023Последниот од насНајдобар глумец—Драма МТВ ТВ и Филмски награди2021МандалоријанецотНајдобро дуо Најдобар херој 2023Последниот од насНајдобро дуо со Бела Ремзи Најдобар херој Пипл награда2024Машка ТВ-ѕвезда на годината Драма ТВ-ѕвезда на годината Награди „Прајмтајм Еми“2023Најдобар главен глумец во драмска серија Награди „Прајмтајм“ за креативни уметности „Еми“2023Сабота навечер во живоНајдобар гостин глумец во комедија Патагонија: Живот на работ на светотНајдобар наратор Награди на здружението на филмски актери2015Игра на троновиИзвонредна изведба од ансамбл во драмска серија 2024Последниот од насНајдобра изведба од машки актер во драмска серија Извонредна изведба од ансамбл во драмска серија Награда за Тинејџерски избор2018Кингсман: Златниот кругНајдобра борба со Колин Фирт и Тарон Егертон
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Натурализирани Американци Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Чилеански глумци