Ренато Палма Веига (роден на 29 јули 2003 во Лисабон) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Челси и на португалската репрезентација.
Биографија Неговиот татко Нелсон, исто така бил фудбалер, и играл за репрезентацијата на Зелен ’Рт.
Технички карактеристики Левоног централен дефанзивец, кој може да игра и како лев бек, а благодарение на неговите способности со топката во нозете, може да биде користен и како дефанзивен играч од средниот ред. Агресивен и вешт во одземањето на топката, тој претпочита да брани излегувајќи високо и неретко да се приклучува во контранападите, поради што нема тешкотии да се одвои за да ги попречи транзициите на противникот. Тој има тенденција проактивно да се стреми кон враќање на топката и сака да ја напушти својата позиција со цел да им помогне на соиграчите во удвојување на противниците, како и да креираат простор во офанзивната фаза. Исто така, поради неговата големина, за да компензира за бавната брзина при вртење, тој претпочита да ја контролира топката со ѓонот за да ја држи под своето тело.
Клупска кариера Почетоци Ренато Веига израснал во младинскиот сектор на , играјќи за резервниот тим но без да направи настап за првиот тим, на 31 јануари 2023 година, тој бил позајмен на германскиот клуб Аугсбург до крајот на календарската година. На 11 февруари, тој го имал своето деби во Бундеслигата, во поразот од 3-1 од . Сепак, и покрај тоа што добил многу простор за игра во неговите 13 настапи, тој не успеал да импресионира, по што Аугсбург ја прекинале неговата позајмица на 15 август 2023 година.
Базел На 28 август 2023 година, Веига бил купен за 4,6 милиони евра од швајцарскиот клуб Базел, со кого потпишал четиригодишен договор. Според договорот, Спортинг задржал 10% од идната продажба на играчот. Своето деби со Базел, а воедно и во Суперлигата на Швајцарија го направил на 3 септември, играјќи во почетниот состав против Цирих на Сент Јакоб Парк. Во тој натпревар кој завршил нерешено 2-2, тој постигнал гол од слободен удар, сместувајќи ја топката во аголот од страната на која се наоѓал голманот. Тој погодок подоцна бил избран за „Гол на сезоната на Базел“. Под водство на тренерот Тимо Шулц, тој одиграл одлична сезона, забележувајќи 23 настапи и 2 гола во првенството, главно користен како дефанзивен играч од средниот ред, но исто така, повремено играл и како „стопер“ и лев бек, каде што исто понудил одлични настапи прикажувајќи се како еден од најдобрите разноврсни играчи во лигата.
Челси и Јувентус На 12 јули 2024 година, тој бил купен од за 14 милиони евра, потпишувајќи седумгодишен договор со клубот. На 18 август, тој го имал своето деби за клубот, влегувајќи како замена, во поразот од 2–0 од Манчестер Сити во првенството. На 3 октомври, тој го постигнал својот прв гол за лондончаните во победата од 4-2 над во Лигата на конференциите.
Во првата половина од сезоната, Веига не можел да ја најде доволно простор под водството на менаџерот Енцо Мареска, кој главно му давал шанса во куп натпреварите; поради следнава причина, на 27 јануари 2025 година, тој бил позајмен до крајот на сезоната во . Своето деби со „бјанконерите“ го имал на 2 февруари, играјќи како стартер во победата со 4-1 на домашен терен над Емполи во Серија А.
Репрезентативна кариера Веига бил младински репрезентативец на Португалија, во селекциите под 19, под 20 и под 21 година.
На 30 август 2024 година, тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација, за која дебитирал осум дена подоцна во гостинскиот успех во Лигата на нации против (1-3).
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 25 мај 2025.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2021-2022 Спортинг Лисабон Б ТЛ 16 1 - - - - - - - - - 16 1 2022-јан. 2023 ТЛ 15 3 - - - - - - - - - 15 3Вкупно Спортинг Лисабон Б 31 4 - - - - - - 31 4 јан.-јун. 2023 Аугсбург БЛ 13 0 КГ - - - - - - - - 13 0 2023-2024 Базел СЛ 23 2 КШ 3 0 ЛК - - - - - 26 2 2024-јан. 2025 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0+0 ЛК 82 настапи во квалификациските кола. 2 - - - 18 2 јан.-јун. 2025 А 13 0 КИ - - ЛШ 2 0 СИ+Скп - - 15 0Вкупно во кариерата 87 6 6 0 10 2 - - 103 8
Титули Репрезентативни Португалија УЕФА Лига на нации : 1 2024–2025
Наводи
Надворешни врски
Ренато Веига на soccerway Ренато Веига на transfermakt Ренато Веига на espn Ренато Веига на whoscored
Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Базел Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 2003 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026