Како да го дресирате вашиот змеј () — американски фантастичен филм заснован на истоимената книга од британската писателка за деца Кресида Кауел, како и преработка на истоимениот цртан филм. Филмот е напишан, произведен и режиран од Дин Деблоа, кој претходно ја режирал трилогијата на студиото DreamWorks Animation. Во филмот глумат Мејсон Тејмс, Нико Паркер, Џерард Батлер и Ник Фрост.
Премиерата на филмот во САД била на 13 јуни 2025 г., а во Македонија на 12 јуни истата година.Како да го дресирате вашиот змеј | Киноверзум МК
Содржина На непристапниот остров Бер, каде Викинзите и змејовите со поколенија живееле како лути непријатели, Хикап стои по страна. Иако е иновативен и син на старешината Стоик Велики, Хикап е занемарен. Меѓутоа, тој ѝ пркоси на вековната традиција и станува пријател со Беззаб, страшниот змеј ноќна фурија. Нивната неверојатна врска ја открива вистинската природа на змејовите, со што ќе се разнишаат и самите темели на викиншкото општество.
Улоги ГлумецУлогаМејсон ТејмсХикапНико ПаркерАстрид ХоферсонЏерард БатлерСтоик ВеликиНик ФростГобер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски фантастични филмови Категорија:Американски 3D-филмови