мини|330x330пкс|Мапа од регионот Гора, претежно населен со Горанци (всушност Македонци). Главно место на дејствување на бугарската пропаганда. Во најново време различни независни организации што гo претставуваат горанското (всушност македонското) и босанското малцинство во Косово пријавиле внатрешно мешање од страна на бугарски претставници и делегати. Овие организации ја обвинуваат бугарската власт за политичка асимилација врз словенското население во Гора преку злоупотребата на бугарскиот пасош. Идеи за формирање на вештачко бугарско малцинство во Косово отпрвин биле предложени од Љубомир Иванов — лингвист и политичар од Бугарската академија на науки.

Процесот на бугаризација врз словенското население во Косово се случува истовремено со бугаризацијата на македонското население во Албанија. Бугаризацијата во Косово особено се зајакнала покрај втората половина на 2023 година со намера да се создадат „нови Бугари“ пред новите косовски пописи. Според словенечкиот институт ИФИМЕС, Бугарија ги злоупотребил влошените односи меѓу Србија и Косово со цел да формира вештачко малцинство. Поради тоа ИФИМЕС им препорачал на Косово да не ги спроведуваат пописи, особено во Гора. Бугаризацијата во Косово, со разлика од бугарската пропаганда во Македонија и Албанија, е послабо и забрзано развиено. Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ која редовно ги исполнува желбите на бугарската власт, ја посетил Општина Драгаш над 20 пати со намера да го бугаризира населението. Сепак покрај неговиот труд и 40.000 евра донација од бугарската потпретседателка Јотова населението сѐ уште е претежно верно кон нејзиниот македонски идентитет.

Делегати од бугарската власт се обиделе да отворат бугарски клуб во с. Горни Крстец, сепак после неколку месеци се затворил клубот. Во април 2024 година, покрај препорачките на ИФИМЕС и други независни организации од Европска Унија, Косово спроведила пописи. Пописите биле пораз за современата бугарска пропаганда, ниту еден Бугарин не бил документиран додека пак бројот на Горани се намалил од 0.6% (2011 попис) во 0.57%. После поразот притисокот и бугаризацијата во одредено ниво се намалил. Сепак движењето да се создаде вештачко бугарско малцинство сѐ уште трае ден денес.The First Final Results from the Census of Population, Households, and Housing in Kosovo Are Presented (2024) The Office of the Prime Minister of Kosovo.

Идеалогија и цел мини|393x393пкс|Корица на книгата „Бугарската политика спрема Република Македонија“. Темелите на бугаризацијата врз Гораните биле изѕидирани од Љубомир Иванов — лингвист и политичар од Бугарската академија на науки. Во 31 март 2008 година во хотелот „Шератон“, Софија, Иванов организирал средба со Георги Папакочев каде што ја претставил неговата книга „Бугарската политика спрема Република Македонија“.Представяне на книгата "Българската политика спрямо Република Македония" (2008) од Дојче Веле Делото било напишано од различни бугарски политичари, меѓу нив бил и дури Папакочев.

Книгата е напишана со нападлив и ксенофобиски јазик спрема Македонија. Според авторите, македонската нација е „држава формирана во процесот на реализациjа и еволуциjа на српска политичка конструкција, обjавена за прв пат во 1889 година“.Бугарската политика спрема Република Македониjа (2008) од Љубомир Иванов. Во книгата, на темата за Косово, Иванов наведува: „Бугариjа треба да го интензивира присуството меѓу Бугарите во Албаниjа и Косово, вклучително преку субсидирање на заеднички невладини проекти, да го стимулира пристапот до бугарските високи училишта и олесни давањето на бугарско државjанство на лицата од бугарско потекло, како и веднаш да започне преговори за официjално признавање на бугарските малцинства во двете земjи“.

На крајот Љубомир Иванов го донесува следниот заклучок: „Клучната дипломатска концепција треба да биде интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и НАТО како повод за приопштувањето кон бугарската нација на бугарите од Република Македонија, Србија, Албанија и Косово, со достигање на бараниот стандард за национални и етнички малцинства во рамките на ЕУ.“ Главната цел на бугаризацијата е да ја асимилираат македонската дијаспора и македонското населние во Македонија. Бугарија отпрвин не си го посвети вниманието кон брошурата на Иванов. Но во најново време нивниот став се променил.

Главните извршители на бугаризацијата во Косово е бугарската фондација „Македонија“ предводена од страна на Виктор Стојанов и бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Истовремено во Косово биле создадени две бугарски организации со цел да ги исполнат желбите на бугарската власт, тие се „Обединети Бугари во Косово“ создадена во 5 ноември 2015 година во с. Горни Крстец„Обединени българи в Косово“, с. Горни Кръстец (2015) — Министер за внатрешни работи на Бугарија и „Друштво за развивање и интегрирање на бугарската заедница во Косово“ создадена во 2023 година во Призрен.„Дружество за развитие и интеграция на българската общност в Косово“, Призрен (2023) — Министер за внатрешни работи на Бугарија

Општоприфатено е во бугарската историографија дека бројот на Бугари во Косово изнесува околу 15.000 жители, врз основа на бројот на Македонци, Горанци и Жупи (всушност Босанци од Жупа) во Гора и Жупа. Додека пак, одредени псевдоисторичари и националисти сметаат дека има меѓу 125.000 — 150.000 Бугари во Косово кои биле асимилирани во други групи (Албанци, Срби, Торбеши итн.). Според Научниот центар за бугарска национална стратегија во 1998 г. имало околу 90.000 Бугари во Косово, Метохија и Албанија. Според Македонскиот научен институт во 2004 г. бројот на Бугари во Косово било околу 25.000 но поради косовската војна и малтретирањето на „Бугарите“ нивната бројка се намалила во 5.000.

Во еден интервју со Васил Стерјовски, водач на едиствената македонска партија во Албанија (МАЕИ), тој ги истакнал главните цели на современата бугарска пропаганда: „Барањето на Бугарија за признавање на Бугарите во Албанија е поврзано со проектот на Голема Бугарија, кој се обидува вештачки да ја опкружува Македонија со Бугари, бидејќи не се прават напори да се создаде бугарска заедница само во Албанија, но исто така и во Гора, Косово, во северниот дел на Грција и Бугарите велат: „како може да постои македонската нација кога е опколена од сите страни со Бугари“? Ова е суштината на побарувачката и нашата заедница реагира на ова.“ Основите на овој проект биле изѕидирани во брошурата на Иванов.

Дејства

Рани дејства Пред издавањето на брошурата две независни бугарски организации никнале во Косово пред нејзината независност. Тие биле Културно-просветното друштво на Бугарите во Жупа „Бугарски муслимани“ формиран во 2004 г. во Долно Љубиње, предводен од Фикрет Карадолами и Културно-просветно-образовно друштво „Бугарски младински сојуз Гора“ формиран во 2005 г. во Призрен, предводен од Авнија Бахтијари. Двете здружение всушност биле младински организации. Со разлика од другите идни организации овие се обиделе да го бугаризираат босанското малцинство во јужниот дел на Косово. Обидот за бугаризација немало трајни резултатите и покрај 2008 г. здруженијата биле укинати. Во 2007 г. било испечатено двојазичен речник во албански и горански во Софија. Автор бил Назиф Докле, познат македонски активист и борец за правдата на Македонците во Албанија и Косово.

Првите државни активности биле забележани околу 2012 г., кога Бугарија почнала да нуди бугарски пасоши за горанското малцинство. Според Незим Мехмеди, организатор на горанските медиуми, околу стотина Горанци се изјасниле како Бугари со намера да добијат пасош. Мехмеди дополнително додава дека тие којшто се изјаснале како Бугари го правиле поради економски причини и всушност не се сметале себеси како „Бугари“. Откако „Бугарите“ во Албанија биле признаени како малцинство во 2017 г. тогашниот министер за надворешни работи — Петар Харалампиев, си го посочил вниманието кон Косово. Харалампиев вршел притисок врз Вјоса Османи да го вметнат бугарското малцинство во косовскиот устав. За настанот се противставил тогашниот едиствен горански пратеник во косовското собрание — Адем Хоџа. Во еден од неговите говори Хоџа ја истакнал бугаризацијата врз Горанците но дополнително додава дека и Македонија вршела слични обиди. Хоџа како краен заклучок наведува дека Горанците се ниту Бугари ниту Македонци туку свој посебен словенски народ со сопствен јазик и култура.

Сличен став изјаснил и поранешниот претседател на Граѓанската иницијатива на Горани д-р. Орхан Драгаш, кој побарал да биде известена Србија за бугаризацијата врз нивното малцинство. Драгаш наведил во еден интервју со српскиот весник „Политика“ дека приказните за „Бугарите“ во Косово биле целосно безсмислени. Веселка Тончева, професорка од БАН, истакнала дека поимот „Бугари во Косово“ било нова појава. Српскиот научник Стефан Гајиќ сметал дека Бугарија посакала да го бугаризира горанското и српското малцинство во Косово, барајќи строга реакција од Србија. Во 2018 г. организацијата „Обединети Бугари во Косово“, здружение создадено од бугарскиот министер на надворешни работи, пратиле апел упатен кон Вјоса Османи за признавањето на „Бугарите“ во Косово. За апелот, организацијата собрала 459 потписници со бугарски идентитет во Косово. Нивниот апел не бил примен.

Во истата година Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) строго реагирала против изјавата на косовскиот министер на надворешни работи Беџет Пацоли кој лажно наведил дека Горанците биле Бугари. СМИР побарала да се отфрли бугарската пропаганда во регионот. СМИР потврдиле дека во Гора и нејзината околија воопшто нема доказ за бугарско присуство. Во 2019 г. Јотова заедно со „Обединети Бугари во Косово“ повторно се обиделе да вршат притисок врз Вјоса Османи за признавањето на „Бугарите“ во Косово. Повторно доживеале неуспех.

2023 Во февруари 2023 година бугарската организација „Обединети Бугари во Косово“ отвориле бугарски клуб во горанското село Горни Крстец. За отворениот ден присуствувале делегати од Бугарија заедно со потпретседателката Илијана Јотова. Отворањето на клубот било примено како „голем напредок за Бугарите во Косово“ од страна на бугарските медиуми. Сепак покрај „големиот напредок“ клубот се затворил неколку месеци подоцна. Македонскиот новинар Михаил Милошевски патувал во с. Брод и Горно Крстец пред пописите во Косово. Таму Милошевски се запознал со горанското населние кои тврдиле дека немало бугарско присуство во регионот. Во еден интервју со жител од селото тој им рекол: „Нема Бугари во село, тоа Бугари е вештачко за да добијат пасоши. Овде се Горанци, више на Македонија него на Бугарија. Бугари нема.“ Кога го прашале за клубот во Горно Крстец тој им рекол: „Ама отвори тие због финансии Бугари што им одговара. Кои Бугари, кај има Бугари?“. Кога Милошевски го побарал сопственикот на клубот — Расмин Хамза, претседател на гореспомнатото бугарско здружение, говорникот им одговорил: „Па нема, кај ќе најдеш. Кога ќе треба некои пари да се земат од здружение од Бугари тоа, инаку го нема нигде. Живее у Белград, жена му живее во Белград.“