Зоила Силвија дел Росарио Мендоза Беотис (родена 1960) е перуанка антрополог и режисерка на документарни филмови која живее и работи во Соединетите Американски Држави. Таа има напишано книги за танц и фолклор во перуанскиот град Куско и е професорка на Калифорниски Универзитет - Дејвис - Оддел за студии за Индијанци (домородци, староседелци).
Биографија Зоила Силвија дел Росарио Мендоза Беотис била родена во 1960 година во перуанскиот град Пиура од родители мигранти од Андите. Таа го добила името по нејзината мајка и блиска пријателка на мајка и, музичарката Има Сумак.
Мендоза студирала на Папскиот католички универзитет во Перу (ПКУП), каде што дипломирала во 1982 година и лиценцирана во 1985 година. На Чикашкиот универзитет магистрирала во 1987 година и докторирала во 1993 година. Сите овие дипломи биле од областа на антропологијата. Нејзината докторска дисертација е насловена како „Обликување на општеството преку танц: Ритуална изведба на местизо во јужните перуански висорамнини“. Таа била стипендистка на Фулбрајт од 1988 до 1989 година.
Во 1994 година, се приклучила на Калифорнискиот Универзитет - Дејвис и оттогаш останала со нив. Откако извесно време работела како предавач, истата година била унапредена во доцент, пред да биде преместена од Одделот за музика на Одделот за студии за Индијанци (староседелци) во 1999 година. Таа беше унапредена во вонреден професор во 2001 година, а на крајот и во професор во 2008 година. Во 2015 година станала претседател на Одделот за студии за Индијанци.
Како академик, Мендоза е специјализирана за изведувачка уметност во Андите и Перу и за културата на народот Кечуани. Кон крајот на 1980-тите, таа отворила архива на аудиовизуелни содржини како дел од нејзиното истражување, подоцна сместена во Институтот за етномузикологија Андина на ПКУП. Во 2000 година, ја објавила книгата „Обликување на општеството преку танц: Ритуална изведба на местизо во перуанските Анди“ (2000), во која се дискутира концептот на регионот Куско. Подоцна објавила три книги за танцот и фолклорот во перуанскиот град Куско : Во звукот на танцот: Идентитет и компарации во Куско (2001); Создавање и чувство на сопствено: фолклор, регионален и национален идентитет во Куско, 20 век (2006); и Создавање на нашето сопствено: Фолклор, изведба и идентитет во Куско, Перу (2008). Таа, исто така, течно го зборува кечуанскиот јазик.
Во 2006 година, почнала да го посетува округот Помаканчи и учествувала на своето прво поклонение на тамошниот религиозен фестивал Куљурити. Подоцна била на уште две поклоненија во 2008 и 2010 година. Својата етнографска работа на областа ја завршила во 2013 година, инспирирајќи го Којлур Рити: Хроника на аџилак во Куско (двојазична шпанско-кечуанска книга од 2021 година).
Во 2015 година, продуцирала два документарни филма: „Прошетки низ сеќавањата“, кој е за последиците од внатрешниот конфликт во Перу; и „Поклонението во светилиштето на господарот на Којлур Рити: Искуството со прошетката“, инспириран од нејзините искуства со фестивалот Куљурити./
Била назначена за стипендист на Гугенхајм во 2010 година.
Библиографија
Обликување на општеството преку танц: Ритуална изведба на местизо во перуанските Анди (2000) Во звукот на танцот: Идентитет и компарации во Куско (2001) Создавање и чувство на сопствено: фолклор, регионален и национален идентитет во Куско, 20 век (2006) Создавање на сопствен: Фолклор, изведба и идентитет во Куско, Перу (2008) Којлур Рити: Хроника на аџилак во Куско (2021)
Филмографија
Прошетки на сеќавањата (2015, документарец) Поклонението во светилиштето на господарот на Којлур Рити: Искуството со пешачење (2015, документарец)
Наводи
Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Фолклористи