Цистатин C е протеин кодиран од генот CST3, и главно се користи како биомаркер на бубрежната функција. Од неодамна, проучувана е неговата улога во новопојавена или влошувачка кардиоваскуларна болест. Кај луѓето, сите клетки со јадро (клетко кои содржат ДНК) создаваат цистатин C како синџир составен од 120 аминокиселини. Се наоѓа практично во сите ткива и телесни течности. Тој е моќен инхибитор на лизозомалните протеинази и веројатно еден од најважните екстрацелуларни инхибитори на цистеинските протеази.

Наводи

Категорија:Нефрологија