Шах Аламовата преносна станица или SATS — преносна станица за цврст отпад која се наоѓа во Шах Алам. SATS и неговиот транспортен систем се во сопственост на Министерството за урбана благосостојба, домување и локална самоуправа. Освен што SATS бил изграден во Шах Алам, постојат уште четири слични преносни станици во Малезија, кои се наоѓаат во Таман Берингин во Куала Лумпур, Тарука во Џохор и уште две во Бату Маунг и Ампанг Џаџар, обете лоцирани во Пенанг.SHAH ALAM TRANSFER STATION

Наменски изградена

Претоварната станица е составен дел од системот за управување со комуналниот цврст отпад. Во суштина функционира како центар за собирање транзитен отпад на пат кон депониите. Идејата и реализацијата на претоварната станица се базира на фактот дека местото за конечно отстранување е оддалечено од зоната за собирање, ќе биде поекономично да се транспортира отпадот во поголеми товарни возила (долг превоз).

SATS е изграден од ВХБ Енвајромент (анг. WHB Environment) на земјиште од 10,55 хектари во индустриската зона на Делница 21, делејќи го истиот пат до добро познати гробишта управувани од локалниот совет на истата област. SATS кој што првично бил наменет од страна на Меџлис Бандараја Шах Алам (MBSA) или Градскиот совет на Шах Алам за потребите за управување со домашниот отпад. Но, за време на фазата на изградба, сопственоста на проектот била префрлена на KPKT откако KPKT првично инверстирала 77 милиони малезиски рингити во проектот, дозволувајќи му на SATS да прима до 1.200–1.900 тони отпад дневно, не само од MBSA, туку има и капацитет да собира ѓубре од околните градови како што се Градскиот совет на Петалинг Џаја (MBPJ) и Општинскиот совет на Субанг Џаја (MPSJ). Претходно, изведувачите што ги опслужувале MBPJ и MPSJ можеле да управуваат само со еден до два транспорти дневно (до депонијата) пред да почне да работи претоварната станица. Патувањето до Џерам во Куала Селангор бил предалеку за изведувачите и економски неисплатливоSOLID WASTE MANAGEMENT IN SHAH ALAM CITY RESIDENTIAL AREA

Концепт за дизајн Споредено со преносната станица во Таман Берингин, која користи хоризонтален систем, концептот за дизајн што се применува за SATS е систем за вертикална компресија каде што компакторите се инсталирани на второ ниво од зградата на преносната станица. Камионот за собирање отпад е насочен кон платформата за исфрлање на второ ниво и се исфрла директно во малиот бункер изграден над силосот. Во SATS се обезбедени осум единици за депонирање или силоси, поддржани од две единици мобилни вертикални компактори.

Предности на SATS се: Системот се смета за поедноставно, поефикасно и поекономично решение од хоризонталниот принцип, главно поради потребата од помалку контејнери (силоси), компактори и приколки за транспорт; Полесните конструкции, помалкуто одржување на опремата и помалку потребен простор за градење и инфраструктура, исто така, придонесуваат за минимизирање на инвестициските и оперативните трошоци по тон отпад. Претоварната станица може да служи и како место за собирање на рециклирачки материјали и место за инспекција и сортирање на опасниот отпад.Environmental management strategy for Shah Alam solid waste transfer station, Malaysia

Наводи

Надворешни врски Видео кое прикажува таков концепт (вертикален систем) во Пенанг. CNNL презентација

Категорија:Шах Алам Категорија:Згради и конструкции во Селангор Категорија:Инфраструктура во Малезија Категорија:Места за преработка на отпад Категорија:Управување со отпад