Агенцијата за иселеништво е државна институција со седиште во Скопје, Македонија. Агенцијата е основана со цел да ги заштитува, поддржува и застапува интересите и идентитетот на македонската дијаспора.

Задачи и активности Главните задачи на Агенцијата за иселеништво вклучуваат Заштита на положбата и правата на иселениците од Македонија Поддршка на нивниот културен развој и зајакнување на врските со матичната држава и нивните организации Информирање на иселениците за состојбите во Република Северна Македонија Создавање услови за враќање на иселениците во земјата Промовирање на учеството на иселениците во јавниот и економскиот живот на Македонија

Агенцијата за иселеништво ги спроведува следниве активности Организирање на културни настани Поддршка на настава по македонски јазик во странство Издавање учебници Промоција на македонската култура, литература и спонзорирање на наградата „Стојан Хирстов“ Обезбедување информации за инвестициски можности

Поврзано Органи на Владата на Македонија Награда „Стојан Хирстов“

Наводи

Категорија:Управување со Македонија Категорија:Македонска дијаспора Категорија:Македонски издавачки куќи