Месен народен одбор Драчевица ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947 година.

Историја Месниот народен одбор Драчевица бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Алдинци и Драчевица. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и селото Драчевица припаднало под Месен народен одбор Горно Количани, додека селото Алдинци припаднало под Месен народен одбор Палиград.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Драчевица Драчевица Драчевица Категорија:Драчевска Околија