Белска воденица или Каракашка воденица — македонска традиционална воденица на Кочанска Река што се наоѓа северно од градот Кочани, во областа Бавчалак, на патот кон браната Гратче. Таа е последна активна воденица на реката.
Потекло на името Според усните преданија, воденицата предокот на денешните сопственици, Јован Ангелов, ја купил од жител од Бели, Каракаш, па оттаму доаѓаат двете верзии на името — Белска или Каракашка воденица.
Историја Некогаш во овој дел на Кочанска Река, имало 28 активни воденици кои покрај за месното население, мелеле жито и за населението од Овчеполието. Според некои преданија Белската воденица е стара 600 години. Првично била изградена од плет, а пред Првата светска војна била обновена, сегашните ѕидови биле изградени пред 130 години. Од 1963 до 1988 година, по изградбата на браната Гратче, воденицата не работела. Во 1988 година, Василко Ангелов ја обновил воденицата и оттогаш неговите синови Зоран и Ванчо ја одржуваат традицијата.
Работа Воденицата работи повременo, повеќе за зачувување на традицијата отколку комерцијално. Вода за погон на воденицата се обезбедува со јаз долг 600 метри. Воденички камења се набавуваат од Лесново или од стари воденици. Во последно време како корисници се јавуваат продавниците за здрава храна.
Наводи
Категорија:Воденици во Македонија Категорија:Кочани Категорија:Појавено во 19 век