Христо Чочков, роден Христо Иванов Чочков исто така познат како Чучков (Велес, 3 декември 1895 — после 1935 година) — македонски општественик, просветител и историчар. Значаен поради неговото проучување на велешката историја. Чичко на Венко Марковски. Деец во Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“ и Македонската кооперативна банка во Софија.
Животопис Христо Чочков е роден во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговата роднина Љуба Чочкова е мајка на Венко Марковски. Работи како учител за Бугарската егзархија во Велес. Во 1918 година завршува историја во Софискиот универзитет.Годишникъ НА СОФИЙСКИЯ УНИВЕРСИТЕТЪ, 1929. Се преселува во Бугарија, каде што работи како чиновник кај македонските братства. Во првата половина на XX век станува советник на Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“ и истовремено произведува историски дела за неговиот мајчин град. Во 1933 година завршува право во Софискиот универзитет.Годишникъ НА СОФИЙСКИЯ УНИВЕРСИТЕТЪ, 1932 – 1933. Подоцна работи во Македонската кооперативна банка.
За време на бугарската фашистичка окупација на Македонија. Неговиот син Георги Чочков бил назначен за градоначалник на Чашка од 13 август 1941 година сѐ до 23 јули 1942 година. Откако му истече мандатот Георги Чочков бил градоначалник на Штрпце од 23 јули 1942 година сѐ до 2 ноември истата година.
Дела
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1895 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски банкари Категорија:Македонски економисти Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски научници во Бугарија Категорија:Дејци на Велешкото благотворително братство Категорија:Дејци на Македонските братства