Лужјани (, Елати; до 1928 г. Λουζιανή, Лузјани) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 338 жители (2021).
Географија и местоположба Лужјани е најјужното село во Кожанско, сместено на 53 км јужно од градот Кожани и околу 37 км југозападно од Серфиџе, во подножјето на планината Бунаса, на надморска височина од 620 м. Јужно од селото се наоѓа пештерата Какена.
Историја
Антика Подрачјето на Лужјани било населено уште од римско време, за што сведочат бројните археолошки наоѓалишта во околината. Во месноста Турники, на брегот на десна притока на р. Бистрица е откриена древна населба со остатоци од римско време и средниот век. Во наоѓалиштето е пронајдено изобилство од керамички остатоци, како и римски релјеф од коњаник.
Во Отоманското Царство Иако носи македонско (словенско) име, неговото население уште од порано има грчко потекло.
Според османлиски дефтер од 1528 г. во Микри Лозјани (Мало Лозјани) имало 26 домаќинства со 117 жители, а во Мегали Лозјани (Големо Лозјани) 119 домаќинства со 536 жители. Селото се спомнува и во документите на манастирот Забрдо од 1532 г.
Во XIX век Лужјани било грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лажани е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 80 куќи.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лузјани (Λουζιανή) живееле 600 Грци христијани. Во 1910 г. Атанасиос Халкиопулос напишал дека во селото Лузјани има 600 Грци.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία: εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι, 1910, σ. 108.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 641 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 523 лица. Во 1928 година, името на селото било променето во Елати (Ελάτη), по еловата шума над селото. +Места во заедницата Лужјани преименувани со службен указ на 31 јули 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписДолна БиглаΚάτω ΒίγλαМитиΜύτηврв на ССЗ од Лужјани (470 м)
Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а поради поволни услови, прилично е развиено и сточарството.
Население
Општествени установи
Полициска станица
Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 40 квадратни километри. Општината Лужјани била приклучена во општината Камбуница во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лужјани, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости мини|Камбанаријата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Цркви
Црква „Успение на пресв. Богородица“ — главна селска црква Црква „Св. Петка“ — најстара селска црква, изградена во 1726 г. Црква „Св. Никола“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Св. Атанасиј“ Црква „Пресв. Богородица“ Црква „Св. Илија“ Црква „Св. Христофор“ Пештери
Какена — пештера кај селото
Наводи
Категорија:Серфиџе