мини|Mercedes Citaro RATP, линија TVM, Кретеј, Париз Брз автобуски превоз (БАП) или метробус () — начин на организирање на автобуски (или тролејбуски) превоз што се одликува со повисоки оперативни одлики во споредба со традиционалните автобуски линии (брзина, сигурност, превозна способност). Во некои гледишта (особено, во однос на брзината), системите за брз автобуски превоз се споредливи со системите за лесен шински превоз (брз трамвај).

Првиот систем за брз автобуски превоз (БАП) во светот бил Runcorn Busway во Ранкорн Њу Таун, Англија, кој започнал со работа во 1971 г. Заклучно со март 2018 г., вкупно 166 града на шест континенти вовеле системи за БАП, кои опфаќаат 4.906 км ленти и опслужуваат околу 32,2 милиони патници секој ден.

Градот Скопје е во постапка на изградба на систем за брз автобуски превоз (БAП).

Особености Системите за брз автобуски превоз се разликуваат од обичните автобуски системи по една или повеќе одлики:

Трасите минуваат по посебни ленти (целосно или во поголем дел). На крстосниците, автобусите имаат предност. Често се користат нестандардни автобуси, на пример, зглобни повеќеделни автобуси. На некои системи, автобуските постојки наликуваат на железнички станици: тие се затворени од сите страни, имаат билетарници и инфопултови, и се опремени со турникети (што придонесува за побрзо влегување на патниците во автобусот, бидејќи проверката и купувањето билети се врши пред влегувањето). На некои системи се користат насочувани автобуси.

Наводи

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Одржлив урбанизам Категорија:Автобуски превоз