Ратка Никола Инадеска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Животопис десно|мини|200x200пкс|Ратка Инадеска е носител на Партизанската споменица 1941. Во времето на окупацијата живеела во Скопје. Во НОД учествувала од април 1941 година. Веќе во мај била член на СКОЈ. Во нејзиниот дом престојувале илегалци, на кои им била врска и ги префрлала од едно на друго место. Во октомври 1941 година во нејзиниот дом била сместена партиската техника и од тој настан нејзината дејност била сврзана со историјата на техниката. Во декември 1942 година работела во партизанската печатница „Гоце Делчев“ во селото Битуше. Во декември 1943 година била борец на партизанскиот одред „Јане Сандански“. Во јануари 1944 година повлечена е на работа во заднината во селото Ростуше. Hосител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941