Вера Орданова Јакимова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Во НОД учествувала од 1941 година во Куманово, а од есента 1941 година делувала во Скопје и била задолжена да носи храна и лекови на политичките затвореници во скопскиот затвор, запознавајќи ги со ситуацијата во градот. Учествувала во организирање на жени за подготовка и носење храна во затворот. Кон средината на 1944 година заминала во селото Љубинци и се пријавила во Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Од штабот била испратена во селото Кучевиште со задача да организира жени за давање помош на ранети борци и сместување партизани по куќите. По ослободувањето на Скопје се вратила во неrо и се ставила на располагање на партиската организација. Кон крајот на 1944 година била примена за член на КПМ и поставена за одговорна по АФЖ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ