мини|Мутавџија со мутавџиски родан. Мутавџиски занает е преработка на козјо влакно — козина. Козината можела да биде стрижена или искубана. Мутавџијата кој ја кубел козината се нарекувал предач. д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.70
Историјат на користење на козина Грубата козја коса на планинските кози се користела за создавање текстил илјадници години. Фрагменти од минојска карбонизирана, тесна, плетена текстилна лента (ширина 6,6 мм), со три ленени конци за основа и поткожје од темна козја коса, наизменично плетени со коприва, биле пронајдени во Ханија на Крит.
За селаните и овчарите козјата коса обезбедувала силно, водоотпорно влакно, совршено за правење на вреќи за седла, наметки за сите временски услови, килими и прекривки за колиби. Комерцијално, козјата коса — козина се користела за изработка на јажиња и торби, а сè уште се користела комерцијално за правење на четки.https://greekweaving.com/preparing-goat-hair-for-spinning// Greek Weaving
Мутавџискиот занает во Македонија Мутавџискиот занает во пишаните документи се сретнувал уште во XVII век. Во првата половина на XIX век во Скопје дејствувале поголем број мутавџии. д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.70 Овој занает денес воопшто не постои. Во минатото бил присутен во Старата скопска чаршија, а мутавџиските дуќани биле групирани во дел наречен мутавџиска чаршија.
Во еден извештај од 1869 година испратен до Општинскиот одбор на Скопје се вели дека во Скопје имало отворени 12 мутавџиски дуќани,Улици во Скопје со имиња на стари, ретки и изумрени занаети, 1922, Здружение на етнолозите во Република Македонијиа, Скопје стр. 133 а во 1908 година постоеле само 6 мутавџиски дуќани.
Овие занаетчии имале своја еснафска слава на Св. Тома.
Подготовка на козјата коса за употреба Чекор 1: Долгите странични влакна на двата бока на животното се потстрижувале. Козјата коса имала поголем спектар на бои од волната. Можела да биде бела, сива, црвеникава, различни нијанси на кафеава и чиста црна. Најнапред се сортирала по боја.
Чекор 2: Се наоѓало заштитено место подалеку дури и од најблагиот ветер. Ова го спречувало разлетувањето на козјата коса за време на обработката. Се претпочитало ден без ветер и агол каде што се спојуваат два ѕида. Местото се чистело од остатоци — како подготовка. Пред да бидат достапни цементните подови, преработувачите ваделе дрвена врата од нивната куќа за да ја користат како тврда површина. Во лето, селото одекнувало од тропањето на јажето по дрвото, подготвувајќи ја козјата коса за зимско предење.
Чекор 3: Се создала едноставна алатка со помош на цврст стап, со дијаметар од околу 92 см на 7,5 см, два тешки камења и јаже. Јажето било врзано во центарот на стапот, а двата камења биле поставени на секој крај за да го држат надолу.
Чекор 4: Неизмиената козја коса се протресувала за да се отстрани површинската нечистотија, а потоа се ставала под јажето, близу до местото каде што јажето било врзано за стапот.
Чекор 5: Слободниот крај на јажето се мавтал вертикално нагоре — надолу. Со секое крцкање на јажето, влакната од козја коса се издигнувале во воздух и се таложеле на страните.https://greekweaving.com/preparing-goat-hair-for-spinning// Greek Weaving
Обработка на козината Мутавџиите ја разврстувале козината според бојата: бела, црна, кафеава, сива. За одредени други бои се вршело бојадисување на козината, обично со кора од орев, во кое се додавал и оцет. Црвено боената козина се добивала со анилинска боја. На таванот каде се распостилала козината морало да има малку светлина.
Во дуќаните на мутавџиите имало алатки, како што се чекрк и прибор за ткаење. Мутавџијата кој ја предел козината се нарекувал предач, а обично тоа бил самиот сопственик на работилницата. Испредените конци се распнувеле меѓу колци кои ги имало по четири на двата краја на мутавџиската работилница, за двајца предачи. Откако конците ќе се исушеле на колците, се смотувале во клапци, од кои се мотале на ѓав, па подоцна се ткаеле.
За основа се предело побело предиво, на мутавџискиот разбој кој бил вертикален. Мутавџиите од Скопје произведувале за пазар, по порачка, од свој материјал, а за наплата од туѓ материјал. Тие изработувале мутави за патос, вреќи, бисаќи, торби, зобници. Изработувале и ѓебри за бришење на коњите, ќустеци и сопки за сопињање на коњите. Ткаеле и ѓулави, прекривки за коњите.
Во Скопје имало 26 работилници, претежно христијански дуќани. Муслиманите со овој занает се занимавале многу подоцна.
Козината како суровина за облека Козината имала значење и при изработка на народна облека во селата. Големо внимание било посветувано на облека за населението што се занимавало со сточарство, односно со чување на кози. Тие изработувале долами, чорапи и покривки од козина, кои особено ги штителе од студ и дожд. Овој занает брзо почнал да опаѓа со воведување на модерниот железнички сообраќај, наместо карванскиот, како и со напуштање на старомодниот начин на живот во домовите и мебелот изработен од мутав.
Поврзано
Предење
Наводи
Категорија:Занаети