Кирил Ќирков (Велес, 8 август 1927 — Скопје) — македонски активист и евидентичар. Член на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, репресиран од социјалистичкиот режим поради неговата поддршка на обединета независна македонска држава. Во 1946 г. бил дел од судските процеси против велешките гимназијалци. Соработник со Крум Чушков и Саздо Трајковски.
Животопис Роден на 8 август 1927 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Се образувал во неговиот мајчин град. Не можел да продолжи со неговото гимназиско образование поради почетокот на Втората светска војна и народноослободителната борба. После војната се запишал во велешката гимназија каде што се запознал со служителот Благој Џајков. Џајков бил верник кон старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на СР Македонија, во полициските досија верници на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Самиот поим ванчомихајловист бил употребуван како синоним на фашист или бугараш.
Ќирков се приклучил во Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“. Таму се запознал со други значајни велешки членови како Крум Чушков и Саздо Трајковски. за време на југословенскиот терор врз велешаните, организацијата била откриена и укината. Поради неговата улога за време на судските процеси против гимназијалците Ќирков добил пет години во затвор. Отпрвин ја служел неговата казна во скопскиот градски затвор но во 1947 година бил интерниран во Идризово. Во 1951 година бил ослободен. Откако бил ослободен југословенската власт продолжиле да го чуват под надзор. Во еден извештај од 1970 година велешкиот околиски одбор спомнале дека Ќирков живеел во Скопје и работел како евидентичар. Неговата судбина после тоа е непозната.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1927 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим