„Отклучување на патиштата“ — патеписи на македонскиот писател Радован Павловски, издадени 1986 година.
Содржина Патеписите „Отклучување на патиштата“ ги содржат „Медитеранскиот дневник“, „Орфеј и Евридика на автопат“, „“Париски белешки, „Откритие на ангелот“, „Пантомима на пеколот“ и другите патеписни и дневнични записи кои Радован Павловски ги водел во времето на своите крстарења по земјите и континентите од 1969 до 1979 година. Тие се собрани во тритомното издание на Наша книга, од 1986, во третата книга, со ист наслов.
Со лиричен и поетичен јазик, својствен за авторот, овие патеписи се своевиден деликатес за секој почитувач на неговото дело. Тука авторот го пресоздава просторот кој го посетува и како низ сито го пресејува пуштајќи го протече низ неговит внатрешен свет. Радован Павловски, Отклучување на патиштата, Наша книга, Скопје , 1986
Особено потресен е патписот од посетата на логорот Терезин „Пантомима на пеколот“, каде бил „укинат човечкиот говор“, каде се уште постојат машкиот и женскиот дел од пеколот како неми сведоци на злото кое човек на човека може да го направи. Авторот нагласува дека токму затоа мора да пишува за тоа што го гледа таму, „...да се брани човекот, да се брани ...од нечовекот да се брани човекот...Човечка е тоа должност братко, тешка претешка но света.“Радован Павловски, Отклучување на патиштата, Наша книга, Скопје , 1986, стр. 151
Наводи
Категорија:Македонски патеписи Категорија:Дела на Радован Павловски Категорија:Книги од 1986 година Категорија:Појавено во 1986 година во Македонија