„Цицибан и друго“ (словенечки: Ciciban in še kaj) — стихозбрика за деца на словенечкиот поет Отон Жупанчич, првобитно објавена во 1915 година.
Содржина Збирката содржи 33 песни:Отон Жупанчич, „Цицибан“ (второ издание), „Кочо Рацин“, Скопје, 1959. „Весели коледари“, „Тажни коледари“, „Едноногиот дедо“, „Децата пуштаат меурчиња“, „Сокол“, „Кога Цицибан плаче“, „Танец на кралот Матијаш“, „Врапци и страшило“, „Лисица“, „Ковачи“, „Ѕвона“, „Жаби“, „Приспивна песна“, „Писмо“, „Бреза и даб“, „Чобанчиња“, „Зелен Ѓорѓи“, „Пролетен брод“, „Цицибан и пчела“, „Покана“, „Мечката и медот“, „Стариот медо“, „Ленка“, „Злато во калното село“, „Познавање на ѕвездите“, „Мејурчиња“, „Приспивна песна“, „Верверица“, „Цицибан —Цицифуј“, „Цицибан го слуша татковиот часовник“, „Нашите светлости“, „Цицибан спие“ и „Разделба“.
Изданија на македонски јазик Во 1959 година, издавачката куќа „Кочо Рацин“ го објавила второто издание на збирката, во превод на Ацо Шопов. Книгата има 80 страници, а била испечатена во печатницата „Нова Македонија“ во април 1959 година, во тираж од 5 000 примероци. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.
Во 1990 година, стихозбирката била објавена како заедничко издание на Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, а во реализација на издавачката куќа Култура. Книгата претставува скратена верзија на стихозбирката и содржи 18 песни: „Меурчиња“, „Цицибан — Цицифуј“, „Жаби“, „Цицибан спие“, „Познавање на ѕвездите“, „Ленка“, „Ковачи“, „Децата пуштаат меурчиња“, „Приспивна песна“, „Зелен Ѓорѓи“, „Сокол“, „Лисица“, „Стариот медо“, „Мечката и медот“, „Врапци и страшило“, „Верверичка“, „Разделба“ и „Цицибан и пчела“. Изборот на песните го направил Драган Мишкоски, препевот е дело на Ацо Шопов, а автор на корицата и на илустрациите во книгата е Драган Митровски. Книгата, со обем од 24 страници, служела како лектира за прво одделение во основните училишта во СР Македонија, а била испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.Отон Жупанчич, Цицибан. Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, 1990.
Наводи
Категорија:Дела на Отон Жупанчич Категорија:Словенечка поезија Категорија:Детска книжевност Категорија:Книги од 1915 година Категорија:Изданија на Кочо Рацин