Вимблдон 2025 – мажи поединечно - бил третиот тениски гренд слем турнир, кој се одиграл во рамките на тениската сезона 2025.

Турнирот се одражал од 30 јуни до 13 јули во All England клубот во Лондон, Велика Британија.

Во финалето на ова издание, Јаник Синер ја освоил титулата, победувајќи го двократниот бранител на титулата Карлос Алкарас со 4–6, 6–4, 6–4, 6–4. Тоа била неговата прва титула на Вимблдон и четврта на гренд слем турнирите. Финалето исто било реприза на финалето од Ролан Гарос одиграно шест недели претходно, кое го добил Алкарас. Со победата, Синер го прекинал непобедливиот учинок на Алкарас (5-0) во големите финалиња, и станал првиот италијанец кој го освоил Вимблдон.

Ова било третото финале во сезоната помеѓу тенисерите број 1 и број 2 на АТП листата, што бил прв таков случај откако АТП ранг-листата била првпат објавена во 1973 година. Со 23 години и 318 дена, Синер бил вториот најмлад играч (по Џим Куриер) кој стигнал до финалето на сите четири гренд слем турнири, и најмладиот кој стигнал до четири последователни финалиња во Опен ерата. Алкарас бил десеттиот човек во Опен ерата кој стигнал до три последователни финалиња на Вимблдон, и првиот играч роден во 1990 година или подоцна кој го сторил тоа. Синер и Алкарас им се придружиле на Роџер Федерер и Рафаел Надал како единствен пар кој настапил и во финалето на Ролан Гарос и на Вимблдон во истата сезона.

Со победата во третото коло, Новак Ѓоковиќ ја забележал својата 100-та победа во натпреварот на Вимблдон и станал вториот човек кој забележал 100 или повеќе победи на два големи турнири (по Федерер), покрај Ролан Гарос. Ѓоковиќ го имал своето 19-то учество во третото коло во карерата и 14-то учество во полуфиналето на Вимблдон, повеќе од било кој друг играч во Опен ерата. Неговиот пораз од Синер во полуфиналето значел дека за првпат од 2017, Ѓоковиќ не стигнал до финалето, со што завршила серијата од шест последователни настапи во финалето. Тоа, исто така, било првото во кое што ниту еден играч од таканаречената „Голема четворка“ не бил присутен во финалето на Вимблдон од 2002.

Дури 13 од 32-цата носители загубиле во првото коло, најмногу во едно издание на Вимблдон во Опен ерата, и бил израмнет рекордот поставен на Австралија Опен 2004.

Турнирот го означил последниот професионален настап на поранешниот деветти светски тенисер, Фабио Фоњини; тој загубил во првото коло од Алкарас во пет сета.

Носители

Јаник Синер (победник) Карлос Алкарас (финалист) Александар Зверев (прво коло) Џек Дрејпер (второ коло) Тејлор Фриц (полуфинале) Новак Ѓоковиќ (полуфинале) Лоренцо Музети (прво коло) Холгер Руне (прво коло) Данил Медведев (прво коло) Бен Шелтон (четврфинале) Алекс де Минор (четврто коло) Франсес Тиафо (второ коло) Томи Пол (второ коло) Андреј Рубљов (четврто коло) Јакуб Меншик (трето коло) Франсиско Серундоло (прво коло)

Карен Хачанов (четвртфинале) Иго Умбер (прво коло) Григор Димитров (четврто коло, предадено) Алексеј Попирин (прво коло) Томаш Махач (второ коло) Флавио Коболи (четвртфинале) Јиржи Лехечка (второ коло) Стефанос Циципас (прво коло, предадено) Феликс Оже-Алијасим (второ коло) Алехандро Давидиович Фокина (трето коло) Денис Шаповалов (прво коло) Александар Бублик (прво коло) Брендон Накашима (трето коло) Алекс Микелсен (прво коло) Талон Грикспор (прво коло) Матео Беретини (прво коло)

Жреб

Завршница на турнирот

Горна половина на жребот

Сектор 1

Сектор 2

Сектор 3

Сектор 4

Долна половина на жребот

Сектор 5

Сектор 6

Сектор 7

Сектор 8

Финале

Финалето на Вимблдон 2025 - мажи поединечно бил последниот натпревар на турнирот со кој бил одлучен победникот на турнирот во машка поединечна конкуренција. Ова било 138-мото финале во машка поединечна конкуренција на Вимблдон, а во него играле бранителот на титулата Карлос Алкарас и првиот носител и светскиот рекет број 1 во тој момент Јаник Синер.

Во ова финале, победник бил Синер кој го победил Алкарас во четири сета со 4–6, 6–4, 6–4, 6-4 со што ја освоил својата прва титула на Вимблдон. Натпреварот траел 3 часа и 4 минути.

Преглед на финалето На почетокот на натпреварот немало позначајни шанси за играчот кој враќал сервис, се до третиот гем на сервис на Алкарас, кога Синер го направил првиот брејк. И покрај тоа што Синер дошол и до 4-2, Алкарас ја задржал смиреноста и се вратил во сетот со одземање на сервисот на Синер за израмнување на 4-4. При резултат 5-4 за Алкарас, на сервис на Синер за останување во сетот, Алкарас направил нов брејк погодувајќи одличен пасинг со што дошол до 4 гема во серија и го освоил првиот сет за 44 минути.

Вториот сет започнал слично како и првиот, со брејк за Синер рано во сетот. Сепак, Алкарас веќе во следниот гем имал шанса за ри-брејк, но не ја искористил и Синер го задржал својот сервис и го потврдил брејкот. При резултат 4-2, Синер можел да го реши првиот сет, имал нова шанса за брејк, но овојпат Алкарас ја спасил и намалил на 4-3. Сепак, Синер останал сигурен во неговите сервис гемови и ја одржал предноста од брејк до крајот на сетот, кој го добил со 6-4, со што ги вратил работите на почеток.

И на почетокот на третиот сет Алкарас се мачел на својот почетен удар, Синер имал 15-40 во првиот гем, но не успеал да дојде до брејк и Алкарас повел со 1-0. И двајцата тенисери го држеле својот сервис до 4-4, а тогаш италијанецот направил клучен брејк, и потоа одсервирал одлично за добивање на третиот сет. Синер повел со 2-1.

Во четвртиот сет, повторно Синер направил ран брејк одземајќи му го на Алкарас сервисот при резултат 1-1. Предноста ја држел сигурно до резултат 4-3, кога Алкарас пропуштил голема шанса да се врати во натпреварот, не користејќи две врзани брејк топки. Синер се извлекол го добил тој гем за 5-3, а потоа во следниот гем на негов сервис го завршил мечот со добивање на уште еден сет со идентични 6-4.

Статистика Категорија Синер Алкарас Асови 8 15 Двонни грешки 2 7 Погоден прв сервис % = 62% = 53% Освоени поени на прв сервис = 74% = 75% Освоени поени на втор сервис = 61% = 51% Поени на мрежа = 75% = 74% Брејк шанси = 44% = 33% Поени на ритерн = 36% = 31% Винери 40 38 Неизнудени грешки 40 36 Винери-Неизнудени грешки 0 2 Вкупно освоени поени 124 113 Вкупно освоени гемови 22 18 Извор:https://www.wimbledon.com/en_GB/scores/results/index.html

Наводи

Надворешни врски Список на играчи Жреб

2025 мажи поединечно Вимблдон