Света Недела Галиотрипска или Света Недела на Ридот ( или Άγιας Κυριακής του Βουνού) — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Претставува мал поствизантиски параклис од кој е зачуван само олтарот. Бил подигнат во XVIII–XIX век. Во него се поставени икони од останатите цркви во Костур. Храмот е пристапен единствено со скала и од него има прекрасен поглед на Костурското Езеро и самиот град.

Галерија

Наводи

Забелешки

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија