мини| Дрвена кугларска кегла. Кегла или чун — предмет, поставен вертикално на тлото, кој служи како цел во одредени игри на вештина, обично куглање.
Опис Кугларските кегли се ротациски тела, вообичаено со валчест облик. Тие имаат рамна основа, што им овозможува да се постават на тлото, а најчесто имаат помалку материјал на врвот, што им овозможува да го спуштат тежиштето и да бидат постабилни. Горниот дел често има сферичен облик, поврзан со остатокот од кеглата со потесен врат. Во игрите поврзани со куглањето, кеглите имаат и испакнатина во близина на нивната основа.
Материјал Типично, кугларските кегли се парчиња од дрво добиени со обработка на вртежен струг. Кугларските кегли се изработуваат од меѓусебно залепени парчиња од јавор, кои потоа се обработуваат на вртежен струг, а откако ќе се обликуваат, се обложуваат со пластичен материјал.
Исто така кеглите можат да бидат целосно направени од пластика. Ова е случај со кеглите за Куглање со девет кегли или куглањето за деца.
Употреба Во куглањето, целта е да се соборат пар кегли, на одредено растојание, користејќи кугла.
Некои варијанти на билијард, како што е италијанскиот билијард, користат мали кегли.
Галерија
Наводи
Поврзано Куглање
Категорија:Куглање Категорија:Германизми