„Вреднос и капитал: Истражување на некои темелни принципи на економската теорија“ (англиски: Value and capital: An inquiry into some fundamental principles of economic theory) — книга на англискиот економист Џон Хикс од 1939 година.

Содржина Второто издание на книгата се состои од вовед, четири дела (со 24 глави) и математички додаток.J. R. Hicks, Value and capital: An inquiry into some fundamental principles of economic theory (second edition). London etc.: Oxford University Press. Вовед * Прв дел. Теорија на субјективната вредност Глава 1. Полза и преференции Глава 2. Законот за побарувачката на потрошувачот Глава 3. Комплементарност * Втор дел. Општа рамнотежа Глава 4. Општа рамнотежа на размената Глава 5. Функционирањето на системот на општа рамнотежа Глава 6. Рамнотежата на фирмата Глава 7. Техничка комплементарност и техничка супституција Глава 8. Општа рамнотежа на производството * Трет дел. Основи на динамичката економија Глава 9. Методот на анализата Глава 10. Рамнотежа и нерамнотежа Глава 11. Камата Глава 12. Одредувањето на каматната стапка Глава 13. Каматата и парите Глава 14. Доход * Четврти дел. Функционирањето на динамичкиот систем Глава 15. Планирањето на производството Глава 16. Цените и планот на производството Глава 17. Каматата и планот на производството Глава 18. Трошењето и позајмувањето Глава 19. Побарувачката на пари Глава 20. Привремената рамнотежа на целиот систем. 1. Неговата несовршена рамнотежа Глава 21. Привремената рамнотежа на целиот систем. 2. Можни стабилизатори Глава 22. Привремената рамнотежа на целиот систем. 3. Законите на нејзиното функционирање Глава 23. Акумулацијата на капитал Глава 24. Заклучок. Трговскиот циклус Математички додаток

За делото Во предговорот кон првото издание, напишан во Манчестер, во октомври 1938 година, Хикс соопштува дека идеите наведени во книгата се родиле за време на неговата работа на Лондонската школа за економија (London School of Economics) од 1930 до 1935 година. Притоа, тој признава дека некои од идеите не се целосно негови, туку произлегле од соработката со неколку колеги, како: професорот Робинс, Р. Г. Д. Ален, Калдор, Лернер, професорот Хајек, Розенстајн-Родан и Еделберг. Подоцна, во разработката на идеите изложени во книгата му помогнале и забелешките упатени од Пјеро Срафа, а во деловите во кои се разработува пазарот на капитал му помогнала и сопругата.J. R. Hicks, Value and capital: An inquiry into some fundamental principles of economic theory (second edition). London etc.: Oxford University Press, стр. vi.

Второто издание на книгата се појавило во 1946 година. Во предговорот, напишан во Оксфорд, во јули 1946 година, Хикс наведува дека во книгата направил бројни технички поправки, особено во поглед на математичката формулација на условите за рамнотежа на пазарот. За разјаснување на тие спорни места, во второто издание се вклучени две дополнителни белешки, додека во третата белешка се коментира придонесот на американскиот економист Пол Семјуелсон, кој во меѓувреме објавил неколку труда посветени на потребните услови за стабилност на пазарната рамнотежа и на динамичката анализа.J. R. Hicks, Value and capital: An inquiry into some fundamental principles of economic theory (second edition). London etc.: Oxford University Press, стр. v-vi.

Наводи

Категорија:Дела на Џон Хикс Категорија:Економски дела Категорија:Книги на англиски јазик Категорија:Книги од 1939 година