Дрворезбарски занает — традиционална уметничко-занаетчиска дејност која се занимава со обликување и украсување на дрво преку резбање, создавајќи фигури, орнаменти и декоративни елементи. Занаетот се одликува со богата симболика, прецизна изработка и силна врска со народната уметност и културното наследство. Ваквиот процес на обработка на дрвото со помош на ножеви, длета или комбинација од длето и чекан, резултира со дрвени фигури, фигурини или скулптурална орнаментација на дрвени предмети. Терминот се користи и за готовиот производ – од индивидуални скулптури до рачно изработени лајсни што сочинуваат дел од орнамент.Wood carving

мини|336x336пкс|Резбарско дело на Горанчо Бошковски

Историја на занаетот Скулптурите од дрво биле исклучително широко практикувани. Сепак, за нив било карактеристично што ретко се сочувувале во целост, за разлика од другите основни материјали како каменот и бронзата, бидејќи биле подложни на распаѓање, оштетувања од инсекти и пожари. Затоа, тие претставувале важен потценет елемент во историјата на уметноста на многу култури. Скулптурите од дрво на отворено не траеле долго во повеќето делови од светот, па затоа останува непознато како се развила традицијата на тотемскиот столб. Многу од најважните скулптури на Кина и Јапонија, особено, се од дрво, како и големото мнозинство од африканските скулптури и скулптурите на Океанија и други региони. Дрвото било лесно за обработка и можело да прими многу фини детали, па затоа било многу погодно за изработка на маски и други скулптури наменети за носење. Исто така, многу било полесно да се обработува (на пример полесно од каменот) и можело да се резба потенко и попрецизно поради неговата влакнеста цврстина.

Некои од најдобрите зачувани примери на рана европска резба од дрво биле од средниот век во Германија, Русија, Италија и Франција, каде што типичните теми од таа ера биле христијанската иконографија. Во Англија, многу комплетни примери настанале од XVI и XVII век, каде што дабот бил претпочитан медиум односно основна суровина.

Најстарата скулптура резбана во дрво, идолот Шигир, изрезбан од ариш, била стара околу 12.000 години.Wood carving

Историја на занаетот во Македонија Историските прилики, промените на границите, туѓото владеење во Македонија, пред и по Балканските војни, како и по Првата светска војна, директно се одразиле врз развојот на уметничките занаети. Во 1925 година во Дебар било отворено Училиште за уметничка резба, коешто во 1927 година било префрлено во Охрид. Подоцна училиштето било реорганизирано во четиригодишно училиште под името „Државна машка занаетчиска школа“.Анета Светиева, Етнолог, Год.1, Бр.2, Скопје, 1992 год., стр.106/107

Обработката на дрво во дамнешни времиња имала домашна намена: се изработувале украсни предмети за лична употреба, а подоцна и за општествени и религиозни цели.

Дрворезбарите (копаничарите), водени од уметничките чувства, го преработувале цврстото ореово дрво, во разни, раскошни декоративни објекти. Од првите векови под Турците сочуван е мал број дрворезбарски објекти, како што бил иконостасот во Св. Никола Шишевски од 1637 година.

Сите најдобри производи на дрворезбарските занаетчии, уметници од Македонија, вклучително и од Скопје, се дело на мијачките мајстори. Кон крајот на XVIII и почеток на XIX век се создале повеќе тајфи на резбари кои вниманието го свртеле со својата работа на внатрешна декорација на црквите.

Овој занает добил уште поголем замав, паралелно со формирањето на олтарните прегради, во облик на иконостас. Иконостасот сè повеќе добивал задача да ги замени старите фрески по црковните ѕидови и со тоа станал најмонументален и најдекоративен елемент на внатрешноста на секоја црква.

Кога станува збор за дрворезбарите-мијаци од Река, се мисли на луѓето од селата од дебарскиот крај: Гари, Тресонче, Осој, Росоки, Галичник, Лазарополе, Битуше, Требиште и други. Мијачките дрворезбари занаетот го изучувале кај италијанско-венецијанските мајстори, па го пренеле на иконостасите и на другиот црковен мебел во нашите цркви и манастири, во првите децении на XIX век. Овие мајстори умееле да изберат различни стилови и впечатливи елементи, и уметнички да ги преработат под влијание на својот национален дух во оригинални уметнички творби.д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.129/130 мини|390x390пкс|Резбарски алатки

Алат на занаетот Главниот алат што го користеле дрворезбарите бил длето и токмак. Овие алатки носеле исклучиво народни називи. Така, на пример, длетото со кое се длебеле цветовите го нарекувале ружанче; за зрна, лоза и слично го викале зрнарче; за изработка на листови – зобче; за жили по листовите – шараче; за копање поголеми длабини – требарче; за длабење во аглите – секирче; за прави линии – паламарче; за криви линии – разлачесто итн., а чеканчето со кое се удирало по длетото се викало токмаче и се правело од шимшир или зеленика.д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.130

Дрворезбарството во Охрид Охридскиот регион имал богата традиција во негувањето на народното градителство, резбарството и зоографскиот занает. Кон крајот на XIX и почеток на XX век уметничките занаети во овој регион се потпирале врз богатата локална традиција и практичните искуства на доселените Мијаци, Дебрани и Власи.Анета Светиева, Етнолог, Год.1, Бр.2, Скопје, 1992 год., стр.106

Современото резбарство во Охрид директно е поврзано со занаетчиското училиште „Државна машка занаетчиска школа“. Дејноста на Бранислав Јованчевиќ во оваа школа била насочена кон настојувањата да го унапреди овој вид творештво во 30-те години на XX век. Учениците добивале задачи да реализираат примери (урнеци) од историски и неисториски стилови во наставата по резба. Тој во наставата користел каталози на мебел украсени со резба, разни цртежи, орнаменти и мотиви, фотографии на тавани, долапи и врати. Учениците на Бранислав Јованчевиќ биле сите постари охридски дрворезци, родени околу 1915/1916 година, коишто го одбележале резбарското творештво во XX век.Анета Светиева, Етнолог, Год.1, Бр.2, Скопје, 1992 год., стр.107

Во 1932 година школата добила статус на државно училиште и како такво нудело стипендии за ученици. Во 1947 година училиштето добило име Училиште за резба (Резбарско-фасадерско училиште) коешто по војната го обновила новата влада. Во 1949 година училиштето било затворено и префрлено во Скопје. Со затворањето на училиштето се отворило ателје за уметничка резба „Андон Дуков“ во Охрид. Името на ателјето е по името на резбарот Андон Дуков кој загинал во НОБ. Оваа резбарска работилница работела сè до 1961 година, па потоа некои резбари се вработиле во Музејот на Охрид. Попознати резбари од охридскиот крај биле: Перо Калајџи, Вангел Наумоски, Наум Донев, Славе Крстанче, Славе Атанасовски, Димче Јанко, Ајри Доко, Јоне Петров и други.Анета Светиева, Етнолог, Год.1, Бр.2, Скопје, 1992 год., стр.108/111 Поврзано

Копаничарство

Наводи

Категорија:Занаети