десно|мини|Доменико Фети, Парабола за изгубената драхма. Парабола за загубената драхма — алегориска приказна на Исус за жена што има десет сребрени драхми и губи една, по што таа ја пребарува целата куќа барајќи ја.

Параболата е запишана само во новозаветното Евангелие според Лука (15:8–10), каде што се наоѓа заедно со две други слични параболи за загуба и искупување: Параболата за изгубената овца и Параболата за блудниот син. Сите три параболи се насочени против фарисејските свештеници што го обвинуваат Исус за дружење со „грешници“.

Парабола Во Евангелието според Лука се запишани следниве зборови на Исус:

Толкувања Џоел Грин забележува дека жената е опишана како сиромашна селанка и дека десетте сребрени драхми „веројатно ги претставуваат заштедите на семејството“. Овие парички може да го претставуваат и миразот на жената, што се чува како украс.Ben Witherington, Women in the Ministry of Jesus: A study of Jesus' attitudes to women and their roles as reflected in his earthly life. Упорното барање на жената може да го претставува делото на Исус или Бог.

Наводи

Надворешни врски Biblical Art on the WWW: The Lost Coin

Категорија:Исусови параболи Категорија:Евангелие според Лука