Таму ле мајко, близу Битола — македонска народна песна, со родољубива, борбена особеност, створена во чест на паднатите борци на Битолскиот партизански одред „Пелистер“ . Иако песната се смета за народна, неа ја создал Ајри Демировски во 1950 година.
Текст Во текстот на песната посебно се споменуваат Таки Даскало, политички комесар на одредот и Елпида Караманди, нејзин борец и народна хероина.
Таму ле мајко, близу Битола, во ореовската густа корија, Таки Даскалот смело загина со неговата верна дружина, со нив загина смела девојка, млада Елпида Карамандова.
Предадени од клети шпиуни, ги сардисаа од сите страни, пушки згрмеа, бомби трештеа, крвава почна борба нерамна.
Тогај извика Таки Даскалот на неговата верна дружина: - Фрлајте бомби, тиран сотрете, живи во рака не се давајте.
Клети тирани во борба нерамна сета дружина му ја убија, Таки Даскалот жив не се даде, откачи бомба, над неа легна, самиот крвта си ја пролеа, за слободата на Македонија.
Наводи
Надворешни врски Текст и нотен запис на песната Таму ле мајко, близу Битола во изведба на Васка Илиева и Александар Сариевски на Јутјуб
Категорија:Македонски родољубиви песни Категорија:Македонски партизански песни Категорија:Ајри Демировски