Кузо (Кузма) Поп Динов (познат и како Кузо Блатски) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис лево|мини|Дел од лажната чета на војводата Бељос (Поп Динов), која ги победила андартите во с. Песодер.

Стојат: Илија Ставрев од В'мбел, Кано Тодоров од Брезница, Лазар Палчев од Врбник. Седнати: Наум Марковски и Атанас Пировски од Косинец. Поп Динов е роден во 1875 г. во селото Блаца, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Внук е на Василиј Смирненски, анхиалски и смирненски владика на Цариградската патријаршија.

Во 1899 г. Кузо завршил грчка гимназија во Цотил, по што бил грчки учител во родното село. Подоцна станал бугарски учител во с. Черешница, Костурско, каде бил и дел од црковно-просветната борба на месното население. Во овој период стапил во ВМОРО. За време на Иванчовата афера бил уапсен и осуден на 101 години затвор. Лежел во Горичкиот затвор, но во 1903 г. бил амнестиран. Учествувал во Илинденското востание, кога бил раководител на Блацкиот центар и војвода на чета. Учествувал и во преземањето на гратчето Клисура на 23 јули 1903 година.

По преземањето на Клисура, Поп Динов одржал говор пред месните жители. Вака говорот го пренесува Христо Силјанов:

По востанието се префрлил во Грција, а оттаму во Варна, Бугарија. Во март 1904 година, заедно со Георги Христов имал обид да се врати во Македонија, но биле уапсени во тесалискиот град Трикала. Кузо Поп Динов едвај бил ослободен во декември 1904 г.

Чета на Кузо Поп Динов, 1904 г.ИмеСелоОколијаБелешка1.Кузо п. ДиновБлацаКостурска2.Апостол ХристовЧуриловоКостурска3.Петар ИвановТатарлариОдринска4.Крсто ДафовБаницаЛеринска5.Никола КостовМокрениКостурска6.Кост. Пико МитовВарна7.Сотир ХристовКондоробиКостурска8.Атанас ДимитровМокрениКостурска9.Христо КирјаковЧуриловоКостурскаИван КонстантиновКуманичевоКостурскавратенИван КасовЗагоричаниКостурскавратенГеорги КостовАјтосЛеринскавратенМитре ХристовТиолиштаКостурскавратенКољо МицевНеволјаниЛеринскавратенГеорги ПопрушовПехчевоМалешевовратен „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.24

мини|Кузо Поп Динов и неговиот подвојвода Андон Попштерев

На крајот на 1905 г. се вратил со чета во Костурско и учествувал во борбата против грчки андарти. Летото 1906 г., четата на Пандо Кљашев и Атанас Кршаков заробиле андартска кореспонденција, а Атанас Пировски и учителот Никола Калановски од Косинец ја дешифрирале шифра на писмата. Поп Динов пратил фалсификат писмо од името на измислениот капетан Бељос до водачот на грчкиот комитет во Песодер – поп Ставрос Цамис (Ставре) и се сретнал со него и раководителите на комитетот Доре, хаџи Коце и Хасан Чауш – и ги убива.

По смртта на Митре Влаот, Кузо станал помошник на новиот реонски војвода Христо Цветков и за реон на дејствување го имал јужниот дел на Вич.

Во 1907 година, Кузо Поп Динов навлегол од Бугарија во Македонија кон Костурско. Решил да го убие гркоманскиот поп на село Олишта – Христо Поп Михајлов, кој живеел во Костур и бил прв помошник на костурскиот митрополит Германос Каравангелис. Негов комита бил всушност синот на поп Христо – Пандели, кој тајно се сврзал со својот чичко Кирјак Гуљо и го предупредил татко му. Поп Христо и митрополит Герман се поврзале со началникот на гарнизонот во Костур и ги известиле за пристигнувањето на четата и тој веднаш пратил аскер во с. Олишта. Четата заминала за Черешница, а Пандели излажал дека е болен и останал во Олишта. Пристигнатите Турци во Олишта, каде го фаќаат Пандели и тој ја издава положбата на четата на Поп Динов на гавазите и на митрополитот Герман. Двајца војници го праќаат Пандели до Костур, а останатите заминуваат за Черешница. На 18 ноември 1907 г. ја опколиле куќата во која била четата на Кузо и ја палат. За да не биде заробен, Кузо се самоубил. Неговите револуционерни дејности се опеани во народна песна.

Георги Константинов Бистрицки пишува за него:

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија