Озма од Оз — третата книга од серијалот „Земјата Оз“ од Лиман Френк Баум објавена на 29 јули 1907 година.
Ова е првиот роман во кој Баум јасно ја покажува својата намера да направи серијал книги за Оз. Исто така, тој е првиот во кој поголемиот дел од дејството се одвива надвор од земјата Оз. Само последните две поглавја се одвиваат во Оз. Во него се појавуваат Дороти Гејл, принцезата Озма, Тик-Ток, Страшилото, Лимениот човек, Кукавичкиот лав и Глинда. Книгата е илустрирана во боја од уметникот Џон Р. Нил.
Наводи
Категорија:Романи на англиски јазик Категорија:Детска книжевност Категорија:Дела од 1907 година Категорија:Американски романи