Врбештица () — населено место во општината Штрпце, Урошевачкиот Округ, Косово. Според пописот од 2024 година имало 320 жители.All places: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2011, 2024 censuses pop-stat.mashke.org Словенското население во селото зборува торлачки и се смета за српско. Селото е населено со Срби.
Население Родови Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:
Староседелци: Будурини (2 к.). Доселеници: Бонтини (4 к.) и Костини (4 к.), доселени се, но не знаат од каде; Борзанови (9 к.) доселени се од Долен Полог во почетокот на XIX век. Овде дошол предокот Борзан, чиј имот бил одземен од муслиманите. Го знаат следното родословие: Стаја (жив на 60 г. во 1938 година)–Станисав–Ѓорѓија–Борзан. Радуњоќи (15 к.), постари доселеници од Скопско; Орлоќеви (32 к.), потекнуваат од Гусиње во Црна Гора, од каде избегале во с. Букош во Подрима (Метохија). Нивниот предок се доселил во селото кон крајот на XVIII век поради крвна одмазда. Станислављеви (19 к.) доселени се од „другата страна на Дрим (Албанија)“ околу средината на XVIII век; Павлеви (10 к.) и Ивкови (11 к.), доселени заедно со претходниот род како „три браќа“; Бандулиќи (3 к.), гранка на родот Станислављеви.
Поврзано Штрпце Урошевачки Округ Косовски Срби
Наводи
Категорија:Штрпце Категорија:Населени места во Косово Категорија:Српски населби во Косово Категорија:Сириниќка Жупа