мини|Контролната соба за мисијата Аполо 13 во 1970. Аполо 13 (англиски: Apollo 13) — американски филм од 1995 година, кој ја раскажува приказната за несреќната судбина на месечевата мисија Аполо 13 од 1970 година. Сценариото е напишано од Вилијам Бројлес Џр. и Ал Рејнерт и претставува адаптација на книгата „Изгубената месечина“ на Џим Ловел и Џефри Клугер. Режисер на филмот е Рон Хауард, а главните улоги ги толкуваат: Том Хенкс, Кевин Бејкон, Бил Пакстон и Ед Харис.

Синопсис Филмот започнува со флешбек од пожарот на „Аполо 1“, придружен со раскажување на Волтер Кронкајт. Како што завршува неговиот монолог, филмот се префрла на 20 јули 1969 година. Астронаутот-ветеран Џим Ловел (го игра Том Хенкс) оди дома на забава по повод слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината. Откако ги гледа историските први чекори на Нил Армстронг, опиениот Ловел ѝ кажува на жена си Мерилин (Кејтлин Квинлан) дека и тој има желба да стапне на Месечината.

Неколку месеци подоцна, Џим, кој очекува да лета на „Аполо 14“, води ВИП тура низ просториите на НАСА додека се склопува големата ракета „Сатурн V“ за мисијата на „Аполо 13“. Додека конгресмените од ВИП-турата прашуваат дали има можност за други слетувања на месечината, имајќи предвид дека Советите заостануваат, Џим добива известување дека тој и неговиот екипаж се унапредени во прв екипаж за „Аполо 13“. Откако го известува своето семејство за новата задача, Ловел и неговиот екипаж, Фред Хајс (го игра Бил Пакстон), Џек Свигерт (го игра Бејкон) и Кен Метингли (го игра Гери Синис) започнуваат да тренираат за мисијата „Аполо 13“ наместо за „Аполо 14“. Како што се приближува датата на лансирање, стравот на Мерилин за четвртата мисија на нејзиниот маж се манифестира преку нејзиното противење да оди на лансирањето. Меѓутоа, уште за време на летот кон Месечината, на вселенскиот брод се случува хаварија поради која животот на космонаутите е доведен во прашање. Сепак, со несебично залагање на многу научници и техничари од НАСА, екипажот на „Аполо 13“ успева да најде доволно електрична енергија за да слетаат на Земјата.IMDb, Apollo 13 (1995) (пристапено на 23.12.2018)

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Том Хенкс Категорија:Филмови со Кевин Бејкон Категорија:Филмови со Ед Харис Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Рон Хауард Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Филмови засновани на книги